| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се спаси ли Македонија од „Синиот кит“?

Ка­ко што Џе­пе­то го соз­да­де Пи­но­кио, та­ка Фи­лип Бу­деј­кин го соз­да­де „Си­ни­от кит“. Но, не оној кит од кој ќе се спа­сат Џе­пе­то и не­го­ва­та кре­а­ци­ја. Овој кит е соз­да­ден за да им го од­зе­ме жи­во­тот на оние по­ла­бил­ни­те, на оние пос­ла­би­те, не­си­гур­ни­те...

„Си­ни­от кит“ – име кое мо­же да би­де име на не­кој до­бар цр­тан филм, ин­те­рес­на дет­ска при­каз­на. Исто ка­ко „По­ке­мон“ – име поз­на­то по цр­та­ни­от филм кој мно­гу де­ца го гле­даа. А, не е сѐ та­ка фи­но и не­ви­но – игра­та за мо­бил­ни те­ле­фо­ни „По­ке­мон Го“ (Pokemon Go) им овоз­мо­жи на ко­рис­ни­ци­те во ре­ал­ни­от жи­вот да ја истра­жу­ва­ат око­ли­на­та и на одре­де­ни ло­ка­ции да фа­ќа­ат вир­ту­ел­но су­штес­тво од игра­та. За­вис­ник од ви­де­о­и­гра­та „По­ке­мон Го“ бе­ше про­бо­ден до­де­ка ло­ве­ше ре­тки вир­ту­ел­ни су­штес­тва и од­би да му се ука­же ме­ди­цин­ска по­мош за да мо­же да ги фа­ти си­те по­ке­мо­ни. Се збо­ру­ва де­ка „Си­ни­от кит“ зел по­ве­ќе од 130 жи­во­ти.

Де­ца­та се из­ло­же­ни на раз­но-раз­ни ин­фор­ма­ции, опас­но­сти, не­до­лич­ни со­др­жи­ни. До­де­ка вие мис­ли­те де­ка ва­ше­то две­го­диш­но де­те го гле­да сво­јот оми­лен цр­тан филм на таб­лет и ко­ри­сти­те вре­ме да за­вр­ши­те не­ко­ја до­маш­на об­вр­ска, не­го­во­то не­мир­но пр­сте ве­ќе отво­ри­ло но­ва со­др­жи­на – на при­мер, ка­ко Спај­дер­мен ја за­труд­ну­ва Ел­са од „Фро­зен“. Ро­ди­те­ли­те по­сто­ја­но при­ја­ву­ва­ат ви­деа кои се сме­сте­ни во ка­те­го­ри­ја со­др­жи­ни за де­ца, но се чи­ни ба­ди­ја­ла. Не­кој е по­у­по­рен од нив.

– Згро­зе­на сум и за­пре­па­сте­на. Јас ка­ко мај­ка на ма­ло де­те, дер­ман не­мам. Ќер­ка ми поч­на да гле­да „Ма­ша и Ме­до“, а мал­ку по­доц­на „Пче­лич­ка­та Ма­ја“. Во по­че­то­кот гле­дав­ме за­ед­но, а по­тоа ја оста­вав­ме и са­ма­та да гле­да, се­пак се без­бед­ни цр­та­ни фил­мо­ви. Де­те­то поч­на чуд­но да се од­не­су­ва, да нѐ ли­же и да збо­ру­ва за Спај­дер­мен, па по­мис­лив де­ка до­не­ла не­што од гра­дин­ка, но слу­чај­но за­бе­ле­жав де­ка сре­де „нор­мал­ни­те“ цр­та­ни фил­мо­ви на „Јут­јуб“, са­ми се пу­шта­ат т.н. па­ро­дии. Тоа се од­врат­ни кли­по­ви во кои во­зрас­ни лу­ѓе се ма­ски­ра­ни во Ел­за, Бет­мен, Спај­дер­мен, Џо­кер од „Бет­мен“. Спај­дер­мен ја по­ро­ду­ва труд­на­та Ел­за, ко­ја ја ра­ѓа гла­ва­та на Џо­кер. Не са­мо што се од­врат­ни, не­ма­ат ни­ка­ква по­ен­та, не се рек­ла­ми, не про­па­ги­ра­ат ни­што и, се­ка­ко, не се ни смеш­ни. Има и та­кви ани­ми­ра­ни фил­мо­ви, а се­кој ден се по­ја­ву­ва­ат но­ви: „Пра­се­то Пе­па“, „Ма­ша и Ме­до“ – мно­гу те­шко се рас­поз­на­ва­ат од ви­стин­ски­те. Обич­но, му­зи­ка­та во овие цр­та­ни е по­а­гре­сив­на, че­сто збо­ру­ва­ат писк­ли­во или пла­чат, но не мо­ра да е та­ка. Истра­жу­вав ка­ко да ги бло­ки­рам и ви­дов де­ка проб­ле­мот е гло­ба­лен, мно­гу ро­ди­те­ли се жа­лат и иа­ко при­ја­ву­ва­ат, „Јут­јуб“ не ги санк­ци­о­ни­ра до­вол­но бр­зо и ефи­кас­но. Исто та­ка, се по­ја­ву­ва­ат и на „Јут­јуб кидс“, ка­нал кој не е до­ста­пен во Ма­ке­до­ни­ја, но е за­мис­лен ка­ко ка­нал кој ќе ну­ди по­го­ле­ма за­шти­та на де­ца­та од не­со­од­вет­ни со­др­жи­ни. Би­деј­ќи е не­воз­мож­но да ја за­шти­там он­лајн, цр­та­ни­те кои смее да ги гле­да, ги сим­ну­вам од „Јут­јуб“ и ги гле­да оф­лајн – ве­ли Ка­те­ри­на, мај­ка на три­го­диш­но де­вој­че.

blue-whale-suicide-game-3

„Си­ни­от кит“ доп­ли­ва од Ру­си­ја до Бал­ка­нот

Фи­лип Бу­деј­кин, два­е­сет и ед­но­го­ди­шен Ру­син, ја соз­дал игра­та за, ка­ко што ве­ли, сла­ба­ци, со цел тие да си го од­зе­мат жи­во­тот и да им го оста­ват оп­штес­тво­то на по­сил­ни­те. Отка­ко го соз­дал чу­до­ви­ште­то со уба­во име „Си­ни­от кит“, го пу­штил та­му ка­де што нај­дол­го мо­же да пли­ва – на ин­тер­нет. Мо­бил­ни­те те­ле­фо­ни ја про­ши­ри­ја игра­та. Таа се ши­ри пре­ку ап­ли­ка­ци­ја­та „Ва­тсап“. Де­ца до­би­ле по­ра­ка, не да се вклу­чат на игра­та, ту­ку по­ра­ки со цел да им се влее страв. Им се да­ва­ат упат­ства ка­ко да се вклу­чат во таа игра, се да­ва­ат на­ред­би, ка­ко, на при­мер, де­те­то да се раз­бу­ди во 4 на­у­тро, да гле­да хо­рор-фил­мо­ви, да си вре­же об­лик на кит на ра­це­те и да на­пра­ви фо­то­до­каз од исто­то за да по­ка­же де­ка на­ред­ба­та е спро­ве­де­на. Се­то тоа оди кон глав­на­та на­ред­ба – да се из­вр­ши са­мо­у­бис­тво. Ру­ски­те вла­сти не ја сфа­ќа­ле се­ри­оз­но опас­но­ста од игра­та сѐ до­де­ка број­ка­та на са­мо­у­бис­тва на ти­неј­џе­ри­те не се зго­ле­ми­ла. Се­га кре­а­то­рот Бу­деј­кин се на­о­ѓа во за­твор под об­ви­не­ние де­ка на­го­во­рил 16 ма­ло­лет­ни де­вој­ки на са­мо­у­бис­тво пре­ку игра­та што ја соз­дал. Два­е­сет и ед­но­го­диш­ни­от Ру­син, кој ја приз­на ви­на­та за зло­сторс­тва­та со кои го то­ва­рат, ве­ли де­ка не­го­ви­те жр­тви се „би­о­ло­шки от­пад“, де­ка „би­ле среќ­ни што ќе умрат“ и де­ка на овој на­чин ед­но­став­но „го чи­сти оп­штес­тво­то од от­па­дот“.

Не гри­же­те се, сѐ ќе сфа­ти­те. Уми­раа среќ­ни. Јас им го да­вав она што им тре­ба­ше во ре­ал­ни­от жи­вот – топ­ли­на, раз­би­ра­ње и по­вр­за­ност – ѝ ка­жал Ру­си­нот на по­ли­ци­ја­та.

Тој не­ги­ра де­ка се уби­ле сто­ти­на мла­ди по­ра­ди не­го­ва­та игра. Спо­ред не­го­ви­те твр­де­ња, ста­ну­ва збор за 16, до­де­ка уште 28 би­ле под­го­тве­ни да си го од­зе­мат жи­во­тот.

– По­сто­јат лу­ѓе и би­о­ло­шки от­пад. Оние што не прет­ста­ву­ва­ат ни­ка­ква вред­ност за оп­штес­тво­то. Оние кои пра­ве­ле или ќе пра­ват са­мо ште­та. Јас го чи­стев на­ше­то оп­штес­тво од та­кви­те. Пет го­ди­ни смис­лу­вав ка­ко. Бе­ше важ­но да се пра­ви раз­ли­ка ме­ѓу нор­мал­ни­те лу­ѓе и чо­веч­ки­от от­пад. Игра­та поч­на. Им да­вав за­да­чи, ми збо­ру­ваа за се­бе, а по­тоа пре­ку „Скајп“ збо­ру­вав­ме за да доз­на­ат по­ве­ќе за нив­ни­от жи­вот. Не­о­че­ку­ва­но, мо­ја­та иде­ја ста­на тренд – ѝ се фа­лел мла­ди­от Ру­син на по­ли­ци­ја­та.

Игра­та „Си­ни­от кит“, всуш­ност, е зас­но­ва­на врз пер­е­ње на мо­зо­кот на пси­хо­ло­шки ла­бил­ни ти­неј­џе­ри. Во пер­и­од од 50 де­на тие се убе­ду­ва­ат да из­вр­шу­ва­ат раз­лич­ни „за­да­чи“, на по­че­то­кот не­што по­мал­ку опас­ни, ка­ко гле­да­ње хо­рор-фил­мо­ви, бу­де­ње доц­на во но­ќта, а по­тоа мно­гу по­о­пас­ни, ка­ко са­мо­по­вре­ду­ва­ње. На кра­јот од нив се ба­ра да се уби­јат.

blue-whale-suicide-game-2

Ро­ди­те­ли на де­ца што из­вр­ши­ле са­мо­у­бис­тва збо­ру­ва­ат за она што се слу­чу­ва­ло. Мај­ка рас­ка­жу­ва ка­ко сѐ поч­на­ло ко­га ми­на­та­та го­ди­на неј­зи­на­та ќер­ка поч­на­ла да цр­та ки­то­ви и пе­пе­ру­тки по ѕи­до­ви­те. Таа се­га во цр­ни­на и низ сол­зи збо­ру­ва за сво­е­то че­до.

Та­тко по­со­чу­ва ка­ко не­го­ви­от син се фр­лил од 12. кат. Расп­ла­ка­на мај­ка се при­се­ту­ва ко­га ѕво­не­ла на мо­бил­ни­от те­ле­фон на неј­зи­на­та ќер­ка.

– Ве­лам, ало ќер­ко, но од та­му ми од­го­ва­ра сту­ден глас – ов­де бр­за­та по­мош, ва­ша­та ќер­ка е мр­тва.

Мај­ка ре­ши­ла да ја игра игра­та ко­ја ја од­не­ла неј­зи­на­та ќер­ка во смрт. Ве­ли, за са­мо­у­бис­тво не се спом­ну­ва­ше, та­му пи­шу­ва­ше де­ка си­те ќе умре­ме, де­ка се­ка­де тре­ба да цр­та­ме ки­то­ви и да гле­да­ме не­кои ви­деа.

Ру­си­те го уап­си­ја кре­а­то­рот на опас­ни­от кит. Но, доц­на. Тој ве­ќе зап­ло­вил над­вор од гра­ни­ци­те на Ру­си­ја – доп­ли­ва и до Бал­ка­нот. Во Ср­би­ја по­сто­е­ше опас­ност ки­тот да ја зе­ме пр­ва­та жр­тва. Мла­до мом­че бе­ше искр­ва­ве­но во обид да си „из­гра­ви­ра“ кит со нож на ра­це­те. Ро­ди­те­ли­те го спа­си­ле во пос­ле­ден мо­мент. Во Ма­ке­до­ни­ја, за сре­ќа, сѐ уште не­ма де­те што ус­пе­а­ло со ки­тот да доп­ли­ва до коб­ни­от крај. Но, вре­ме е да се пре­зе­ме не­што про­тив по­ке­мо­ни­те, ки­то­ви­те, бре­ме­ни­те Ел­си…

blue-whale-suicide-game-4

Де­ца­та пре­пу­ште­ни са­ми на се­бе

Од Аген­ци­ја­та за еле­ктрон­ски ко­му­ни­ка­ции ве­лат де­ка во спра­ву­ва­ње­то со ва­кви­от проб­лем клуч­на игра мо­же да оди­гра еду­ка­ци­ја­та за са­ми­те мо­бил­ни ап­ли­ка­ции, ка­ко и на­вре­ме­но за­бе­ле­жу­ва­ње на сом­ни­тел­ни­те со­др­жи­ни. Но, ка­ко да се за­бе­ле­жат тие сом­ни­тел­ни со­др­жи­ни?!

Со­ци­о­ло­зи­те во зем­ја­та сме­та­ат де­ка е по­тре­бен тим што ќе се спра­ви со ова. По­е­дин­ци, ве­лат тие, се не­моќ­ни да се спра­ват со ва­ков гло­ба­лен проб­лем. Сме­та­ат де­ка има до­ста поз­на­ва­чи на ра­бо­ти­те, стру­чен ка­дар, кој тре­ба да се со­бе­ре во еден тим, ед­но те­ло кое ќе ги сле­ди со­стој­би­те.

Дел од проб­ле­мот што ва­кви игри зе­ма­ат та­ков за­мав, спо­ред со­ци­о­ло­зи­те, е тем­по­то на жи­вот, по­ра­ди кое ро­ди­те­ли­те не­ма­ат до­вол­но вре­ме да се по­све­тат на сво­и­те де­ца. А де­ца­та има­ат љу­бо­пи­тен ум кој не мо­же да оста­не имун на ва­кви­те ап­ли­ка­ции.

– Ро­ди­те­ли­те се до­ма по 17 ча­сот. До­то­гаш де­ца­та се пре­пу­ште­ни на се­бе. По­ра­ди тоа, ро­ди­те­ли­те се по­пуст­ли­ви кон сопс­тве­ни­те де­ца и не­ма­ат цвр­ста кон­тро­ла над нив. Ова пра­ша­ње ка­ко оп­штес­тво го не­ма­ме до­вол­но отво­ре­но, а е мно­гу бит­но и ит­но. Има­ме струч­ни ли­ца кои тре­ба да на­пра­ват со­од­вет­на стра­те­ги­ја во вр­ска со ова – ко­мен­ти­ра­ат со­ци­о­ло­зи­те.

Ко­му­ни­ко­ло­гот Бо­јан Кор­да­лов во ед­на при­го­да збо­ру­ва за опас­но­ста од ва­кви­те „ки­то­ви“ кои бр­зо пли­ва­ат и се ши­рат низ це­ли­от свет. Ве­ли Ма­ке­до­ни­ја не е ка­ко за­се­бен па­зар ди­рект­на цел, се ра­бо­ти за по­мал па­зар, но ста­ну­ва дел од по­го­ле­ми­те или гло­бал­ни­те дви­же­ња.

– Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка се­кој ден сѐ по­го­лем број ви­де­о­ма­те­ри­јал се за­ка­чу­ва, на при­мер, на „Јут­јуб“. Одам­на чо­веч­ки­от фа­ктор не мо­же да би­де пре­су­ден и да про­це­ни што е до­бро, а што не, што мо­же да по­ми­не на со­ци­јал­ни­те мре­жи низ тие фил­три, а што не. За­тоа се акти­ви­ра­ат оние ал­го­рит­ми кои се усо­вр­шу­ва­ат по­сто­ја­но да пре­поз­на­ва­ат, но и мож­но­ста да се при­ја­ви за да се разг­ле­да до­кол­ку тие ал­го­рит­ми не­што про­пу­шти­ле. Но, ка­ко што во ре­ал­но­ста, и по­крај по­сто­ја­на бор­ба про­тив кри­ми­на­лот, кри­ми­нал се слу­чу­ва, та­ка и на ин­тер­нет таа бор­ба про­тив ва­кви­те ап­ли­ка­ции по­сто­ја­но трае – ве­ли Кор­да­лов.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 247. број на неделникот „Република“, 26.5.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top