| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски: Чекорот на Џафери кон хаос и шизофренија

Точно е дека, како пратеник, господинот Талат Џафери може во Собранието да се обраќа на својот мајчин јазик. Но, во тој случај, треба да се обраќа од говорницата што е предвидена за обраќање на пратениците, а не од говорницата предвидена за претседателот на Собранието, пишува професорот Љубомир Цуцуловски, во својата куса анализа „Хаос и шизофренија“ која пред малку ја објави на својот профил на „Фејсбук“.


-Доколку не се постапува така, доколку господинот Талат Џафери од говорницата, која е предвидена за Претседателот на Собранието, се обраќа и како претседател на Собранието и како пратеник, тогаш не ќе се знае која е претседателската говорница, а која е говорницата за пратениците. Односно, една иста говорница, во еден час ќе биде говорница на претседателот на Собранието, во некој друг час ќе биде говорница на пратеник и – зошто да не? – и на другите пратеници, бидејќи ако нешто важи за еден пратеник, тогаш зошто тоа нешто да не важи и за другите пратеници? Тоа значи дека не ќе се знае кога некој говори во функција на претседател, а кога говори како пратеник. Од своја страна, тоа е чекор кон хаос. Хаосот, пак, е чекор кон политичка и раководна шизофренија. Кон што ќе крене Република Македонија ќе се види наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top