Танцовиот театар на 31 мај, среда во 20 ч., во Дансинг салата на МКЦ ќе ја одржи последната премиера за оваа сезона, наречена „Нулта точка“ .
Оваа претстава ја претставува новата генерација на танчари и млади кореографи, кои своето образование го здобија на Скопје танцовата академија, но и како специјализанти на Скопје танцовиот театар. Претставата се состои од три короеграфи и тоа; „Азбука“ во кореографија на Јакуб Мунко, на музика на Игор Ниемијски и на Јакуб Мунко; „Еден“ во кореографија на Александра Петрушевска, на музика на Александар Гроздановски и Јас и вие“ во кореографија на Дејан Битровски, кој воедно направи избор на музика. Во претставата настапуваат танчарите: Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Јакуб Мунко, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Јована Зајкова и Сара Цветковска, а костимите се на Скопје танцовиот театар.
– Често мислиме на танцот како невербален начин на комуникација и лично изразување. Но што ако го погледнеме од друга страна? Затворен систем составен од само 31 движење. Замислете свет во кој сите луѓе се движат на ист начин. Дали тогаш би можеле да разбереме што сакаат да изиграат? – вели Јакуб Мунко за својата короеграфија „Азбука“.
Александра Петрушевска за делото „Еден“ смета дека е краток, слоевит перформанс.
– Физичката нарација на танчарите, како база, кој отвора нов еластичен простор. Освен акцент на индивидуалецот, играме со времето, со спротивностите, просторот. Елементи што заедно градат една еклектична композиција. Групната енергија и заедничко дејствување не се исклучени, но појдовната точка секогаш е индивидуалецот – смета Петрушевска.
Дејан Битровски за делото „Јас и вие“ инспирацијата ја нашол во мислите на Чарлс Буковски, кои му биле инспирација.
Скопје танцовиот театар, под уметничко водство на Рисима Рисимкин, ја продолжува својата мисија на создавање нова естетика на македонската современа танцова сцена, со цел да овозможи развој на млади кореографи и танчери и нивната работа да ја презентира кај нас и во светот.
Како прва официјална современа танцова компанија во Македонија, која своите кадри ги црпи од Скопје танцовата академија, Скоје танцовиот театар секогаш оди во чекор со времето, во своите лаборатории произведува експерименти на млади уметници, кои имаат потреба да се изразат на свој начин и со свои конкретни дела. Скопје танцовиот театар, со свои претстави настапува низ цела Македонија и во странство. Досега се има претставено на повеќе значајни меѓународни фестивали и тоа; Фестивал за танц и невербален театар во Санвинченот, Хрватска (2011); Саем за танц во Дизелдорф и Културбункер во Келн, Германија (2012); ИТС фестивал во Амстердам, Холандија (2103), „Средба во Пекинг“, Пекинг, Кина (2105); „Отворена програма“ во Ротердам и Хаг, Холандија (2015), „Шер“ фестивалот во Братислава.
Следни гостувања на Скопје танцовиот театар надвор од земјава, се очекуваат во декември во Кина, на Културната сезона, која Кина ја организира за земјите од централна и југоисточна Европа; потоа на најзначајниот европски фестивал за танц „Холанд денс фестивал“ во февруари 2018 година, како и гостување на еден од најстарите фестивали за танц во Њујорк, САД (2018).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст