| четврток, 6 декември 2018 |

Талат Џафери ја започна седницата на албански јазик

Sobranie izbor vlada zoran zaev sdsm (8)

Фото: Александар Ивановски

Со поздравно обраќање на албански јазик, Талат Џафери ја отвори денешната втора собраниска седница со единствена точка на дневен ред, избор на нова влада. Веднаш потоа, како што најави, се обрати и на македонски јазик и рече дека седницата ќе ја води на македонски јазик.

Првата забелешка ја имаше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој му порача, како што рече, на пратеникот Талат Џафери дека го крши Законот за јазиците бидејќи на албански може да се води седница на работно тело, но не и на Собранието. Одговорот од Џафери беше дека сѐ додека му се обраќаат како на „паретникот Талат Џафери“, тој ќе го користи правото да се обраќа на мајчин јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top