| четврток, 6 декември 2018 |

Брет Пит почна да ги отстранува тетоважите посветени на Анџелина

Брет Пит кога се запозна со Анџелина Џоли, страсно приврзана кон тетоважите реши да ја следи, па тој самиот си направи неколку.

Но, за да ја заврти конечно страницата од оваа љубовна приказна, која заврши во септември 2016 година, актерот одлучи да се сврти кон ласерот, за да ги отстрани цртежите на телото, соопштува списанието “Star”.

Тој си закажал сесија, за да ги избрише тетоважите кои ги има направено за Енџи. Бред е подготвен за нов почеток и сака тоа да се гледа од неговата кожа.

Ќе биде потребно време, барем една година и ќе има лузни. Навистина, отстранувањето на тетоважите не е лесна работа. Покрај болката, потребно е и трпение.

Сподели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top