За тројца од ДУИ во новиот владин кабинет, идните министри Рамиз Мерко, Бујар Османи и Садула Дураку, постојат сомненија за извршени криминални дела.
Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик.
Поранешниот портпарол и поранешен министер за здравство од редовите на ДУИ Бујар Османи, е осомничен за нелегални набавки во времето кога тој беше министер за здравство. Сомнежите се за проектот за реконструкција на Државна болница во износ од 400 илјади евра. Аферата беше објавена во „бомбите“ на СДС, а од извори во СЈО Алсат М дознава дека за овој случај е отворена предистражна постапка уште од пред една година.
Поранешниот министер за земјоделство и градоначалник на Липково, Садула Дураку, се уште не го исчистил досието за извештајот на Државниот ревизор, каде било констатирано дека за време на неговото раководење со Министерството за земјоделство, фалеле милиони евра. Дураку исто така е спомнат и во судските рочишта за случајот „Диво Насеље“. Се шпекулира дека тој со наредба од Али Ахмети е испратен за преговори со „Кумановската група“, за дознавање на нивните мотиви. Но, Дураку бил физички нападнат и оттаму се вратил без конкретни резултати за неговиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст