| четврток, 6 декември 2018 |

Билансот на загинати се искачи на 13, во ураганското невреме повредени 105 лица

Билансот на жртвите во невремето кое денеска го погоди главниот град на Русија се искачи на 13 загинати и 105 повредени.

Повредените се хоспитализирани во 10 болници во Москва, а локалните власти предупредуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.

Московските служби за вонредни ситуации ангажирани се на отстранување на дрвјата, но засега нема извештаи за поголема материјална штета.

Директорот на метеоролошката служба изјави дека дувал ветер со јачина од 22 метри во секунда, и оти е можна уште една бура во текот на ноќта.

Во ураганот кој денеска ја погоди Москва соборени се 3.500 дрвја, а на моменти дувал ветер со јачина од 28 метри во секунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top