Вистинска драма се случувала на автопатот Гевгелија -Скопје во неделата во раните утрински часови.
Како што денеска известува МВР, околу 3.20 чaсот, во близина на кружниот тек до казино во Гевгелија, полициски службеници забележале автомобил „рено меган‘‘ со скопски регистарски ознаки, во кое имало повеќе лица, како со голема брзина се упатило по автопатот во правец на Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото, кое кај клучката кај с.Прдејци излетало од патот.
По незгодата возачот се дал во бегство, додека во околината биле затекнати осум лица-мигранти, од кои четири лица од Индија и четири лица од Пакистан.
По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје, а останатите се предадени на полициски службеници од ПТЦ Гевгелија за понатамошна постапка.
По извршена проверка утврдено е дека регистарските таблици припаѓаат на друго патничко возило. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст