| четврток, 6 декември 2018 |

Подметнал бомба во возилото на бившата девојка

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против И.А. (39) од прилепското село Ново Лагово за предизвикување општа опасност.

Ноќта на 17 февруари минатата година во Прилеп, пријавениот поставил импровизирана експлозивна направа на патничко возило „даеву нубира“ сопственост на Ж.Т. (53), мајка на Б.М, со која претходно бил во љубовна врска. Импровизираната направа експлодирала и го оштетила возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top