| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија, активен поддржувач на електротехничките насоки во образованието

ЕВН Македонија шести пат по ред, контуинирано го поддржува настанот „Денови на електротехниката“ што се одржува во просториите на СЕТУ „Михајло Пупин“. На овој натпревар имаат право на учество ученици од основните училишта на регионот на Скопје, обожаватели на наставниот предмет Физика и електротехничките науки. Целта е да им се овозможи на новите генерации да ги докажат нивните вештини и да се мотивираат дека нивното знаење има каде да се развива и применува во пракса.

ev

ЕВН додели и подароци за сите учесници на натпреварот. На настанот се обрати г-дин Игор Гиевски, Член на Управен одбор на ЕВН Македонија.

evn2

-ЕВН Македонија со поддржување на овој посебен настан не само што ги мотивира младите, туку исто така им го покажува патоткон отворените можности за работа. Сакаме да ја зголемиме свеста кај младите и преку нив и кај сите граѓани дека на Македонија  и се потребни кадри од електротехничката струка. Сигурни сме дека во земјава има голем капацитет на млади кои одлично би се пронаоѓале во електротехничката струка.Секој заслужува да го работи тоа што го сака, а ние сме тука да им го овозможиме тоа на љубителите на електротехничките науки- изјави Гиевски.

evn

ЕВН Македонија веќе неколку месеци го промовира проектот „20-20-20“. Во овој проект на дуално стручно образование и обука, предвидено е да се формира специјална паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје. Учениците на оваа паралелка преку наставните планови и програми и практичната работа, ќе можат директно да се вклучат во работниот процес уште за време на нивното средно образование, а за тие што ќе го завршат средното образование согласно претходно утврдените критериуми за успех ќе се овозможи вработување во ЕВН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top