| четврток, 6 декември 2018 |

Била една од 11-те љубовници на шеикот: Во харемот, го чекав својот ред за секс

jill

Американката Џил Дод која во осумдесетите години била успешен модел, пред околу 3 децении запознала 24 години постар шеик од Саудиска Арабија по што животот и отишол во еден многу поинаков правец. Живеела во неговиот харем како една од неговите девојки, а деталите за животот со саудискиот милијардер ги споделила со јавноста преку нејзината книга „The Currency of Love“.

– На мои 20 години потпишав договор со престижна модна агенција. Почнав да добивам ангажмани ширум светот, а во Париз бев дел од снимањето на едиторијали за Вог. Бев млада и наивна кога во Кан запознав постар шармантен господин. Дури потоа дознав дека се работи за Аднан Кашоги, милијардер кој богатството го заработил преку продажба на оружје, пишува сега 57-годишната Џил.

011

Саудиецот најпрво и пришол и ја поканил на танц, а следните денови биле на неколку состаноци.

– Кога со пријателката стигнавме на неговата јахта бевме импресионирани. Имаше и полн шкаф со нова облека за неговите гости. Таа вечер разговаравме до 5 часот наутро и полека почнав да се вљубувам во него, пишува Џил.

Пред 30-тина години со Аднан биле поврзувани бројни светски убавици од шоу бизнисот. Тој уживал во друштвото на Лајза Минели, Фара Фосит и многу други. Џил освен што добивала од него скапи подароци, еден ден ја примил во неговата вила во Марбела. Иако таму очекувала да бидат сами, во вилата ја пречекале и други жени. Како што раскажува, таму имало и девојки за кои таа не била сигурна дека се полнолетни.

– Тогаш ми објасни како стојат работите. Ми кажа дека сака да бидам една од неговите љубовници и дека според законот во Саудиска Арабија смее да има три сопруги и 11 љубовници. Ми рече дека ќе ме бакне ако ја прифатам понудата, пишува Дод.

022

Така таа станала дел од харемот, а тоа значело дека поголемиот дел од денот треба да го минува со другите девојки, но и да чека на ред за да ја мине ноќта со Аднан.

– Една вечер дојде во мојата соба со подарок. Веднаш се разочарав кога излезе и ми рече дека всушност подарокот бил за друга девојка, пренесува Дејли Мејл дел од нејзината книга.

Џил вели дека сепак не се кае што дел од животот минала со него, но има денови кога се срами сама од себе поради тоа. Таа додава дека никогаш не била проститутка, а денес е во среќен брак и има три деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top