Пионерите на МЗТ Скопје Аеродром (играчи родени 2005 година и помлади), ја освоија шампионската титула во домашното кошаркарско првенство.
Најмладата екипа на МЗТ Скопје во финалниот го совладаа тимот на Дино Баскет од Кочани со 42:34, (9-11,11-9,9-5 и13-9).
До трофејот оваа селекција на МЗТ ја предводеа синовите на некогашните македонски репрезентативци Врбица Стефанов и Ѓорѓе Војновиќ, кои заедно ги постигнаа сите поени на аеродромци во финалниот меч. Рубин Стефанов и Тео Војновиќ сами ги победија кочанчани постигнмувајќи ги сите поени за МЗТ. Рубин постигнати 26, а Тео останатите 16 поени за МЗТ.
И додека младите талентио на теренот витешки се надмудруваа на трибините возрасните се тепаа.
Наместо да ги бодрат своите деца, внуци, дел од присутните „навивачи“ во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, се обидоа да се пресметаат физички со опонентите од спротивниот табор.
Во инцидентот беа вклучени и тренерите на двете екипи, но за среќа на повеќемината други присебни навиовачи, „усвитените глави“ брзо беа оладени, а подоцна и отстранети од салата.
За жал, децата ја видоа најгрдата слика која може да ја видат на еден спортски натпревар, па наместо финалето да го паметат како нешто убаво, ним сигурно ќе им останат во сеќавање грдите слики во кои учествуваа нивните родители и дедовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст