| четврток, 6 декември 2018 |

Траволта ќе го донира омилениот Боинг (Фото)

Американскиот актер Џон Траволта најави дека ќе го подари својот омилен Боинг 707 на австралискиот воздухопловен музеј и се надева дека ќе биде меѓу членовите на групата која ретро-авионот ќе го превезе на тој континент.

img-337472

Траволта е школуван пилот и амбасадор на Квантас и поседува авион конструиран за оваа австралиска воздухопловна компанија во 1964 година. Во 1994 година компанијата го повлече од својата флота.

-Со големо задоволство најавувам историска донација на својот омилен Боинг 707 на Здружението за реставрација на историски авиони, соопшти овој викенд актерот.

Боинг 707 доминираше со воздушниот сообраќај во шеесеттите години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top