| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го брани својот зет од обвинувањата за „тајниот канал“ со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на својот зет и советник во Белата куќа Џаред Кушнер.

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на својот зет и советник во Белата куќа Џаред Кушнер, од обвинувањата за предложената „таен канал“ за комуникација со Русија во време на транзицијата на новата Администрација.

– Тој врши голема работа настојувајќи да и заштеди пари на дражавата и јас во него имам целосна доверба, вели Трамп, во официјалното соопштение испратено до редакцијата на весникот „Њујорк Тајмс“, во кое уште се посочува дека Кушнер е „добар човек“.

Во соопштението, меѓутоа, директно не се споменува ништо за јавно изразените обвинувања за постапките и однесувањето на советникот во Белата куќа, кој е оженет за најстарата ќерка на претседателот на САД.

Кушнер беше обвинет дека му предлагал на рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак воспоставување систем за постојана тајна комуникација со Москва.

Состанокот на зетот на Трамп со Кисљак бил одржан во декември, веднаш по изборот на новиот претседател на САД, во „Трамп Билидинг“ во Њујорк. Линијата, наводно, требало да се одржува само во текот на транзицијата на новата републиканска Администрација.

Весниците „Њујорк Тајмс“ и „Вашингтон Пост“ кои први ги открија ваквите активности на Кушнер објавија дека амбасадорот Кисљак ветил дека веднаш ќе ја извести Москва за предлогот, при што, според изворот на весниците, тој останал изненаден од барањето на зетот на Трамп комуникацијата да оди преку „таните комуникациски врски“ на руските дипломати за да не биде „уловена“ од американските тајни служби.

Овие откритија на двата угледни американски весници дојдоа по изјавата на ФБИ дека Кушнер е под „специјална контрола“ во врска со истрагата за руското мешање во изборите во САД, иако тој не е обвинет, ниту против него се води каква било истрага.

Истражните органи на САД само веруваат дека тој располага со „важни информации“ за истрагата која е во тек.

Иако во официјалното соопштение Трамп само го брани зетот, на својот профил на Твитер тој претходно однови ги обвини весниците дека од истекуваните информации во Белата куќа создаваат „лажни вести“ не давајќи притоа никаков контра доказ, ниту демант.

Медиумите во САД јавуваат дека Админстрацијата на Трамп сега настојува само да ги отфрла откритијата за „тајниот канал“ со Русија, не обидувајќи се да ги демантира пишувањата на весниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top