| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи Миранда Кер

Светски познатата манекенка лани соопшти дека се свршила преку фотографија на Инстаграм, а медиумите објавија дека викендов се омажила за Еван Шпигел, далеку од очите на јавноста.

Магазинот Е! Објави дека австралиската манекенка и основачот на Снапчат се венчале на интимна свеченост во нивната куќа во Брентвуд, Калифорнија. Извор близок до двојката пренесе дека на забавата имало околу 30 гости.

-Венчавката беше мала, интимна забава, беа поканети само најблиските членови на семејствата и пријатели. Миранда и Еван сакаа приватна свеченост, вели изворот.

Кер и Шпигел се запознале на вечера во Њујорк во 2014 година, а следната година почнаа да се забавуваат. Се свршија во јули, 2016 година.

Миранда има син од бракот со Орландо Блум, а претходно изјави дека нема да има деца со Еван додека не се венчаат бидејќи тој е многу традиционален.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top