| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на конференција за Западен Балкан во Стокхолм

nikola poposkiВицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ќе учествува на Конференцијата за Западен Балкан што ќе се одржи во Стокхолм, соопшти денеска МНР.

Конференцијата е во организација на Министерството за надворешни реаботи на Кралството Шведска и на Канцеларијата на Европската Комисија (ЕК) во Стокхолм.

Како што се наведува во соопштението, се очекува министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и на Хрватска и високи претставници од ЕК да дискутираат за актуелните состојби, за регионалната соработка и за интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ, во контекст на актуелните состојби во Европа.

За време на престојот во Стокхолм, предвидено е Попоски да има повеќе билатерални средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top