Сакате искрена поврзаност со пријателствата кои ги имате? Тогаш имајте во предвид дека свесноста за различните типови на сродни души може да ви помогне да ги искористите сите прилики и да развиете подлабоки врски.
Во продолжение се 4-те сродни души кои ќе ги идентификувате во животот:
1. Сродни души кои ве лечат
Ова се пријателите кои доаѓаат со намера да ви пружат животна лекција. Се појавуваат токму тогаш кога се соочувате со проблеми и дилеми, точно кога најмногу ви треба насока. Овие пријатели ви помагаат да научите како да се движите нанапред.
Обично се појавуваат кога се обидувате да се извлечете од старите проблеми.
2. Сродни души од минатите животи
Ова пријателство веројатно ќе трае цело живот, бидејќи никогаш нема да сакате да се сокриете или да побегнете од тој човек. Овие врски ве облекуваат. Ви влеваат доверба во себе. Ова се пријатели кои ќе ви помогнат да откриете која е вашата способност која ве прави единствени. Можеби ќе пробате оваа врска да ја претворите во љубовна, но запаметете дека е невозможно. Подобро е да остане пријателска.
Обично се појавуваат кога сте навистина свои. Сродните души од минатиот живот се појавуваат само кога сте во својот елемент и ништо не ве попречува.
3. Кармички сродни души
И овие луѓе се врзани со вашиот минат живот, со таа разлика што се болни бидејќи вклучуваат борба на егото. Болката заради егото ќе мора да го издржите, бидејќи во тоа е поентата.
Најчесто се појавуваат во време на силни емоции, го чувствуваат она што и вие го чувствувате.
4. Близнаци сродни души
Со овие луѓе може да разговарате со часови без да изгубите теми на разговор. Размислувате слично, си ги довршувате речениците и природно работите ги правите во пар.
Ќе ги познаете по тоа што нема да сакате да донесете и најситна одлука без нив, бидејќи тешко ја поднесувате раздвоеноста.
Црнобело.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст