Престижната британска етикета „Оникс Класикс“ го издаде новото оркестарско издание на нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, чија концертна промоција деновиве се случи во Ливерпул.
На це-де-то се поместени дела од Сергеј Прокофјев: два концерта – број 1 и број 3, како и Увертирата на еврејски теми, изведени заедно со познатата и наградувана екипа во која се и диригентот Василиј Петренко и Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар, информира „КултурОп“.
Овие концерти и новото издание на македонскиот пијанист со проверените соработници беа претставени со пригоден текст, насловен: „Тимот од соништата се враќа“.
Во изјавата за Македонското радио по повод најновото аудио-издание, Трпчески вели:
– Овој диск за мене има големо значење бидејќи е сниман непосредно пред раѓањето на моите близнаци Стефан и Андреј на кои ова ЦД и им е посветено: два концерта за двајца браќа J. Многу му се радувам и на ова издание, бидејќи Третиот концерт на Прокофјев ми буди убави спомени. Го свирев во финалето на натпреварот во Лондон (и неодамна на отворањето на новата сала на Македонската филхармонија (- н. заб.)) и сега по толку години го снимив за на носач на звук. Првиот концерт пак е исклучително позитивен и полн со младешка енергија со прекрасен внатрешен порив и енергија. И тој ми буди убави спомени од мојот настап со Македонската филхармонија од 1999 година кога во една вечер ги изведов Првите концерти на Прокофјев и на Шостакович, кога снименово дело за прв пат воопшто го изведов во живо со оркестар. ЦД-то е убаво конципирано, вклучува и делови од настапи во живо и ги покажува различните творечки страни на Прокофјев, па се надевам дека ќе наиде на убав прием. Мајсторското водство на Петренко и неговиот оркестар носи една вистинска енергија и позитива која се надевам дека ќе бидат препознаени.“
По промотивните ЦД концерти во Ливерпул, летниот оркестарскиот распоред го води нашиот пијанист во Соединетите американски држави, каде што ќе биде солист на престижниот Чикашки симфонискиот оркестар, по што следат и настапите со Оркестарот на Лил на Фестивалот на Радио Франс во Монпелје, додека следната изведба на проектот „Македонисимо“ со музика од Македонија е најавена за 6 јули во Љубљана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст