| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопје колинг“ се сели на Стадионот на АРМ

„Скопје колинг 2017“ наместо на „Телеком арената“ ќе се одржи на стадионот на АРМ, информираат од „Авалон продукција“.

-Поради Суперкупот во фудбал, не сме во можност да ја одржиме фестивалската вечер на 23 јуни со Мартин Гарикс, Џакс Џонс и Алекс Адир во „Телеком арената“ и поради тоа, истата ја префрлуваме на повеќе од соодветен простор, на стадионот на АРМ, кој е, буквално, до „Телеком арената“ во Скопје – се вели во соопштението на „Авалон продукција“.

Капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.

Поради оваа измена, логично е на истата локација да биде и настапот на „Тивери корпорејшн“ кој ќе биде уште поспектакуларен, бидејќи ќе се користи истата бина и продукција која ќе биде наменета за настапот на Мартин Гарикс на 23 јуни, со тоа што за „Тивери корпорејшн“ просторот ќе биде адаптиран со капацитет од 5.000 посетители.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top