| четврток, 6 декември 2018 |

Зенит му врачи отказ на Луческу

1489323081f975efce

Мирчеа Луческу повеќе не е тренер на Зенит откако раководството на рускиот клуб реши да му врачи отказ на искусниот стручњак. Ваквиот развој на настаните е сосема очекуван со оглед на разочарувачките игри на Зенит во текот на сезонава, во која тимот од Санкт Петербург во ниту еден момент не успеа да му парира на Спартак во трката за титулата.

Зенит воедно не се пласираше во Лигата на шампионите, а челниците на клубот вината ја бараат токму кај тренерот, кој не успеал да го извлече максимумот од својата екипа. Како што јавуваат руските медиуми, на листата со желби на Зенит мнозинство се италијански тренери, па така овој клуб се обидува да го доведе Маурицио Сари, доколку не потпише нов договор со Наполи, како и Еузебио ди Франческо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top