Министерскиот список кој од Мала Речица пристигна на „Павел Шатев“ ја растера маглата пред очите на поддржувачите на политиката на Зоран Заев. На социјалните мрежи не се воздржуваат од коментари во кои го потсетуваат лидерот кого го поддржуваа дека во владиниот кабинет ќе седнат волци во јагнешка кожа. Заев можеби не памти, но новинарите Саше Димовски, Огнен Чанчаревиќ, Јорданка Ивановска Јоци, шарениот Замир Мехмети, кој е и брат на поранешната интегративка Ермира Мехмети, аналитичарот Бранимир Јовановиќ и други, многу добро се сеќаваат на валканата облека што ја вадеше Заев за интегративците, но и на 2001 година, конфликтот, браната во Липково.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.