Се шпекулираше дека поранешниот градоначалник Рамиз Мерко ќе добие удобно министерско столче. И додека сите се надеваа дека тоа е само шпекулација на социјалните мрежи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги сруши сите надежи. Излезе и објави кои се имињата од ДУИ кои треба да седнат во министерска фотелја.
-Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор, изјави Ахмети.
Рамиз Мерко и лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во иста Влада…Фотелјата е единствениот принцип на новите реформатори. Не е битно што до вчера очи си вадеа. Сега е важна желбата да се биде на власт, па макар и со најголемиот непријател.
Села во 2014 година го обвинуваше Мерко дека го оштетил буџетот на општина Струга за десетина илјади евра?
Тој изјави дека дел од објектот каде што е сместен Меѓународниот Универзитет во Струга, Мерко го легализирал како објект за живеење, а не како деловен објект.
-Имавме една одлука за ревидирање на легализациите кои се направени и најдовме еден предмет во кој длабоко е навлезен поранешниот градоначалник на Струга и сега кандидат за пратеник на ДУИ, Рамиз Мерко. Нанесена е штета на граѓаните на Струга, на нашиот град, на нашите граѓани во висина од 71.000 евра, обвини Села во 2014 година.
Зијадин Села го обвинува Рамиз Мерко за злоупотреба на 70.000 евра
Во 2012 година струшката полиција поднесе кривична пријава против Мерко поради тоа што во 2010година издал одобрение да се постави урбана опрема, односно монтажен шанк во Струга на брегот на Охридското езеро, но наместо монтажен шанк, фирмата изградила објект од тврда градба со поголема површина, а општината не направила контрола.
Следната година, и покрај тоа што Министерството за култура донело одлука таа парцела да се стави под привремена заштита како културно наследство, Мерко му издал ново одобрени на сопственикот.
Но кога има друг интерес, минатото се заборава. Сега интересот се вика Тиранска платформа. А кој е интересот на Заев што ги собра во Влада сите со сомнително минато и сомнителни ставови за македонскиот идентитет.
Еве со кого ќе седне Заев на владината маса:
Интересот пред ветувањата – СДС го обвинија Бујар Османи за криминал, сега ќе му дадат фотелја
Господ ќе ја создаде, Господ ќе ја тргне – тешко нас со вакви „реформатори“ во Влада
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство
-
Двајца обвинети за насилство кон Села признаа вина
-
Прекинато судењето за Села: Се онесвести еден од обвинетите