| четврток, 6 декември 2018 |

Посесивни, љубоморни, ситничари: Трите хороскопски знаци кои се најлоши сопрузи

Horoskop

Иако често може да се види дека според хороскопот овие три знаци се пријатни личност, конкрето за брак се смета дека Ракот, Скорпијата и Стрелецот се најлоши партнери.

Рак

Мажот Рак не е личност со која животот ќе ви биде лесен, и покрај убедувањето дека тие се пријатни партнери. Мажите Ракови може да се поделат во две групи – или се ситничари и критичари, или тотално се незаинтересирани за она што се случува околу нив, вклучувајќи го и партнерот.

Било кој сопруг Рак поминува повеќе време дома отколку надвор и е потрадиционален од сите останати.

Иако мажот Рак си ја обожава жената, тој со ништо нема да биде задоволен до крајот на животот, па секогаш ќе има нешто за критикување или жалење.

Скорпија

Со него е најтешко да остварите брачна хармонија затоа што единствен начин за да го направите тоа е вие како сопруга да останете во сенка. Тој не поднесува доминантни жени во било кој поглед.

Скорпијата како сопруг е типичен старомоден тип и неговите реакции се толку нагли и екстремни, што ќе помислите дека е на раб на насилство. Плус, неверојатно е посесивен и љубоморен.

Овој маж е способен да се издржува сам, има добра работа, успешен е, но мааната му е што постојано мисли дека сите работат за да му наштетат.

Длабоко во себе има неверојатно силни емоции за сопругата и децата, но никогаш нема да научи како да ги искаже.

Стрелец

Овој тип на маж бара мудра и тактична жена. Тој е претеран ситничар и се фокусира само на лошите страни и грешките на сопругата. Не е баш роден за брачен живот и е вистински мегаломан, па затоа честопати сопствениот живот може да му делува здодевен.

Ако неговите симпатии и интереси се променат, не гледа зошто би требало да остане верен на било која личност.

Неговата сопруга мора да биде со отворен ум, ослободена од љубомората и по малку безлична. Пожелно е да биде уметник за да може да го следи во сè и да ги задоволува неговите интереси.

Со Стрелците мажи е тешко да живееш. Заради нивниот недостаток на емоции, големо нетрпение и ограничените и строги правила, сопругата ќе мора да ги прошири хоризонтите и да внимава на секој збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top