Времето денеска во Македонија ќе биде променливо, облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, на места проследени со ретки грмежи и краткотрајно со пороен интензитет. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и засилен северен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 19 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, ќе дува умерен засилен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 22 степени.
Од утре ќе преовладува постабилно време, а мали услови за појава на пороен дожд со грмежи ќе има само за југот од земјата. Дневната температура ќе биде во постојан пораст. Од четврток на повеќе места температурата ќе надминува 30 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.