СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно Јавно Обвинителство Скопје против 25-годишниот О.М.од Нови Пазар, Република Србија, за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Имено, на 23 месецов околу 22 часот и 20 минути во кафе бар во Скопје од страна на полициски службеници бил забележан Србинот и било пристапено кон негово легитимирање, кој во истиот моментот во своја непосредна близина го отфрлил ташничето кое го носел со себе. Од страна на полициските службеници било подигнато и одземено ташниче во кое имало остатоци од непозната растителна материја, како и 17 полиетиленски кесички со непозната растителна материја, една целофанска паковка со непозната растителна материја, една алуминиумска фолија со непозната растителна материја и една дигитална вага со остатоци од непозната материја кои биле предадени на вештачење во МВР.
Пријавениот бил приведен во Полицијата во Гази Баба и со истиот бил извршен службен разговор, во кој делумно го појаснил извршувањето на кривичното дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст