| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија двајца пензионери, еден тешко повреден

Вчеравечер во 22,10 часот во Охрид на ул.„Кленоец“ се случила сообраќајна незгода во која возило „рено меган“ со охридски регистерски таблици управувано од Б.T. (75) удрил во велосипед управуван од Б.M (61), и двајцата од Охрид.
На Б.M. медицинска помош му била укажана во ОБ Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top