Кинеската Суперлига во изминатиот период доби бомбастични имиња, но сепак, како што изгледа, на трансфер-лудилото му дојде крајот, затоа што Кинеската фудбалска федерација реши да постави нови правила за странците.
За да ги заштити клубовите од прекумерно трошење на пари, од федерацијата решија да воведат данок на секој фудбалер. За секој нов странец, клубовите ќе мора да платат данок од 100% на сметка на федерацијата, а новата мерка ќе стапи на сила од јуни, 2017 година.
Според новите правила, ако Шангај сега го купеше Оскар за 70 милиони, неговиот трансфер ќе чинеше 140 милиони евра, затоа што покрај на клубот, Шангај ќе мораше да плати и на федерацијата исто колку што го плаќа и играчот.
Покрај новото правило, кинеската федерација го лимитира и бројот на странци, а исто така, од 2018 година на терен ќе мора да има и ист број на домашни фудбалери до 23 години колку и странци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.