Премиерот Емил Димитриев, по повод започнувањето на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до верниците од исламска вероисповед.
– Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости. Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости од секогаш биле познати како денови на дарежливост, воздржување и добра мисла помеѓу граѓаните од исламската вероисповед. Вредностите кои ги красат овие пости нека бидат водилка во деновите кои претстојат, нека донесат многу радост и среќа во Вашите семејства, се наведува во честитката од премиерот Димитриев.
Вербата да помогне, се додава, да продолжиме со градење на општество кое се карактеризира со меѓусебно почитување, соработка и взаемна толеранција.
– Да работиме и понатаму за реализација на активностите кои обезбедуваат интерес за сите граѓани на нашата земја, решавање на секојдневните проблеми со кои се соочува населението, подобрување на стандардот и развој на Република Македонија. Испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви пожелувам лесни пости, духовен мир и радосни празнични денови, истакнува премиерот Димитриев во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст