| четврток, 6 декември 2018 |

Гаврил Лесновски в недела во црквата „Свети Никола“ во Штип ќе биде прогласен за светец

Гаврил Светогорец, епископ Велички, од Манастирот во Лесново на 28 мај (недела) ќе биде прогласен за светец во штипската црква „Свети Никола“, каде ќе бидат изложени неговите мошти и иконата со неговиот лик.
Канонизацијата е дел од јубилејот 50 години од возобновувањето на автокефалноста, што МПЦ го одбележува оваа година, пренесува порталот Религија.мк. Тоа ќе биде трето во низата прогласувања на светци, што МПЦ го прави во својата понова историја. Пред неполни четири години МПЦ ги прогласи, за светци Евнувиј, Пајсиј и Аверакиј, под заеднички натпис „Пречистански преподобномаченици“ во манастирот „Света Пречиста Богородица“ во близина на Кичево. Потоа, во Битола беа прогласени за светци 40-те битолски преподобномаченици, убиени од османлиите кога ја зазеле Битола.

Гаврил Светогорец, епископ Велички почина на 12 јануари 1990 година во својата келија во Манастоирот во Лесново. За епископ Велички е хиротонисан само пет месеци преходно на 28 август 1989 година. За архимандрит е избран 30 јуни 1981 година. Епископот Велички е едно од најпреподобните имиња од поновата историја на Македонската Православна Црква. Живеел аскетски живот во буквална смисла на зборот, а ја предвидел и сопствената смрт. Има и неколку чуда за кои сведоштвата од луѓето на кои им се имаат случено ги собираше монашкото братство од Лесновскиот манастир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top