| четврток, 6 декември 2018 |

Контроверзниот Заев рече и сам се порече

zaevИако немаше желба за уште еден градоначалнички мандат, а ниту имаше амбиции за лидер на СДСМ, Зоран Заев се кандидираше и за едното и за другото и го доби и едното и другото. Тој на 27 април минатата година во интервју на прашањето „По два градоначалнички мандати, дали имате ли амбиции за трет последователен мандат на чело на Струмица?“, одговара:

 – Многу е рано да се зборува за тоа. Јас имам уште цели 11 месеци обврски пред граѓаните на Струмица. Некаде на есен, на неколку месеци пред изборите ќе донесам одлука дали воопшто ќе се кандидирам. Ако сега би морал да ја донесам одлуката одговорот би бил, не!

На последните локални избори го направи спротивното. Но, доколку тука може да се извади на она дека било рано да се зборува и дека нагласил дека во моментот ако треба да донесе одлука одговорот да ќе биде не, на следното прашање има многу цврст одговор, кој исто така го прекрши:

Дали во иднина се гледате во друга област или на друга функција – можеби имате желба за лидерското место во СДСМ, која извесен период ја водевте како в.д. претседател?

Заев: Е, за тоа можам уште сега и со сигурност да кажам дека немам амбиции за лидерско место во мојата партија. Јас веќе ја имав честа да ја водам оваа голема партија и навистина сум среќен поради таа можност што ја имав. Но во иднина секако не, не ја гледам својата иднина како лидер на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top