Естонското министерство за надворешни работи им нареди на руските конзули во градот Нарва веднаш да ја напуштат Естонија, јави Спутник.
Естонските власти им испратиле писмо на генералниот конзул Дмитриј Казенов и на вишиот конзул Андреј Сургајев без одолговлекување да ја напуштат Нарва и Естонија.
Руското министерство за надворешни работи ги потврди овие наводи и вети дека многу брзо ќе следи одговор на непримерниот потег на Естонија.
– Ова е уште еден непријателски и неосновна потег – соопшти руското МНР.
макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.