Граѓаните на САД започнале петиција со која бараат претседателот Доналд Трамп да му се извини на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ.
-Вчера на групната фотографија на НАТО, американскиот претседател ја стави раката на премиерот на Црна Гора, најновата членка на НАТО сојузот, и грубо го помести од место. Ова е срамота за американскиот народ и ужасен чин пред шефот на државата, и сите членки на НАТО. Претседателот на САД мора веднаш да се извини на сите НАТО членки за своето однесување- се наведува во петицијата.
За Белата куќа да ја разгледа петицијата потребно е до 24. јуни да ја потпишат 100.000 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.