| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворен Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа во Берлин

Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје и Универзитетот Хумболт од Берлин, во рамките на фестивалот се одржува голем научен симпозиум посветен на Балканот во европската културна меморија

Синоќа во преполнетата сала на Уметничкиот павиљон на Доротенштрасе во центарот на Берлин започна филмскиот фестивал на Југоисточна Европа во Берлин, во чијашто официјана конкутренција вклучува 15 филмови од исто толку земји од регионот.

На отворањето, пред елитната гермаска и европска публика, во присуство на сите амбасадори на земјите од регионот, беа доделени наградите за животно дело:„Легенда на ЈИЕ“ на светски познатиот синеаст од Белград  Душан Макавејев, Гран при „Актер на ЈИЕ“ на Јон Карамитру од Букурешт, „Европа Прима“ на Аделеид Фајке – главниот уредник за Балканот на Дојче Веле, а за „Личност на ЈИЕ“ во доменот на европските интеграции на регионот беше прогласен академик Жан Митрев од Македонија.

unnamed (1)

Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје и Универзитетот Хумболт од Берлин, во рамките на фестивалот се одржува голем научен симпозиум посветен на Балканот во европската културна меморија.

Филмската програма ќе се одвива во познатото берлинско кино  „Бабилон“, а за наградите ќе одлучува меѓународно стручно жири во состав: Манфред Ајхел, филмски критичар на „Шпигел“, Нела Луциќ, актерка од Рим, Лоран Балаш Имре, филмски режисер од Унгарија. Во официјаната конкуренција претставник на Р. Македонија е филмот „Златната петорка“ на режисерот Горан Тренчовски, за кого владее голем интерес кај берлинската публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top