Марко Асенсио е најпријатното изненадување оваа сезона во првиот тим на Реал Мадрид и играч на кого се гледа како на најголема перспектива во шпанскиот фудбал, а неспорниот квалитет кој го поседува во изминативе неколку месеци беше награден и со доверба од страна на Зинедин Зидан кој во голем стил му дозволи на 21-годишниот фудбалер да отиде едно скалило погоре.
Суперталентираниот „бисер“ на Реал во овој момент има светла иднина пред себе на „Сантијаго Бернабеу“ и одговорните луѓе на Реал гледаат на него како иден лидер на првиот тим, а бидејќи на почетокот на сезоната навистина многу се зборуваше за неговиот трансфер во шпанската престолнина со оглед на тоа што огромен интерес за него пројави и Барселона, сега самиот тој се одлучи да открие една неверојатна и луда анегдота.
Офанзивниот фудбалер во интервјуто за официјалната телевизија на Реал Мадрид открива дека трансферот во „кралскиот клуб“ му го средил Рафаел Надал, шпанскиот тенисер кој всушност е познат како огромен фан на Реал.
– Анегдотата за Рафаел Надал е вистинита. Тој му се јави на Флорентино и му порача дека не може да си дозволат да им избегам во друг тим. Тој ми го среди трансферот во Реал – посочува Асенсио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент