| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас за летување ги израдува сите: Престојувајте во оваа земја бесплатно

Шведска ги огласи сите свои села на интернет-платформата за барање сместување, „Ербнб“, рекламирајќи се како земја што секој може да ја посети, да дојде да пешачи, шета, кампува, ужива, одмора… и тоа, најважно од сè – сосема бесплатно!

Шведска, Данска, Финска и другите нордиски земји, имаат правило кое се нарекува „allemansrätten“ или во превод „право на секој човек“, кое подразбира дека секој може да дојде и да ужива, бесплатно во селската идила.

– Можета да собирате плодови, да дишете чист воздух, да шетате, сè додека не се доближувате до куќите и не вознемирувате никого, ни луѓето ни животните – вели Џени Каисер од агенцијата, која го објави огласот.

Се смета дека огласот ќе привлече многу туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top