Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, се обидувала со сета сила да го привлече вниманието на претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на фотографирањето на самитот на НАТО во Брисел, но тоа, судејќи според фотографиите, не ѝ пошло од рака.
Трамп претходно го избуткал црногорскиот премиер Душко Марковиќ за да заземе централна позиција на фотографијата, а веднаш до него се наместила Колинда, на која, пак, Трамп воопшто не ѝ обрнувал внимание. Нему сѐ друго му било поинтересно од друштвото на хрватската претседателка, вклучувајќи го и пишувањето пораки на мобилниот.
Колинда, пак, била одушевена од Трамп.
-Се изненадив колку разговараше со сите, вклучувајќи ме и мене – рекла Колинда.
-Главно беше многу отпуштен, лежерен и љубезен кон сите, дури и се шегуваше – додала Колинда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.