Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал кус разговор со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на НАТО во Брисел, јавуваат грчки медиуми.
– Набљудувам што се случува. Бележите раст и тоа е исклучително. Грција е една прекресна земја, со прекрасни луѓе, изјавил Трамп на средбата со Ципрас.
– Имав можност да разговарам со американскиот претседател Доналд Трамп на средбата во Брисел, напиша Ципрас на Твитер.
Грчкиот премиер одговорил на позитивните коментари на американскиот претседател, нагласувајќи дека Грција се обидувала да се справи со кризата и во моментов се наоѓа во една многу важна фаза, на која треба да бидат донесени критични решенија за да биде помогнат процесот на раст и развој на земјата и нејзината економија.
На самитот во НАТО во Брисел Ципрас имал средба и со италијанскиот колега Паоло Џентилони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.