“Лесно возбудливо кученце”, “Лојално млитаво детиште”, “Ултимативна сродна душа”, “Освојувач”, се само некои од категориите во кои Гвинет Монтенегро ги вбројувала мажите, која уште од својата 21. година се “занимава со мажи” со паричен надомест.
Поранешната елитна ескорт дама открила зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги, но и советувала што можат жените да направат за тоа да го спречат, пишува Daily Mail.
Гвинет Монтенегро доаѓа од Мелбурн, а прв пат за секс наплатила 21. година. Тоа го претворила во своја професија, а кога го споделила своето искуство со медиумите и самата станала ѕвезда.
“Лојално млитаво детиште”, го нарекла типот на маж чиј сон е жената да доминира над него.
“Неконформист” е маж со кој ќе пробате секакви луди работи.
“Оштетен” маж е оној на кој треба да му посветите многу време и внимание за да го доведете во ред, а ако сте токсични, подобро веднаш да заминете од него.
Тука е и типот кој само сака да ја задоволи својата жена. Сите тие мажи, вели Гвинет, минале низ нејзиниот кревет и сите ги прашала зошто дошле кај неа, а нивните одговори и помогнале да ги категоризира.
“Важно е да знаете што го мотивира мажот да изневерува, бидејќи само со таа информација можете и да го спречите. Мажите се како жените, и тие имаат чувства. Сакаат да се заљубат и да почувствуваат блискост, сакаат да се чувствуваат посакувано. Не изневеруваат затоа што можат, ниту изневеруваат затоа што размислуваат со долната глава.
Тие сакаат да се почувствуваат како вистински мажи и се преплашуваат кога ќе помислат дека ќе ја изгубат машката енергија. Тоа што најмногу ме изненади е фактот дека не се чувствуваат посакувано за време на секс, туку кога знаат дека можат да задоволат жена”, открива Гвинет.
Како што таа открива, секој маж кој имал секс со неа, имал само еден мотив – да ја задоволи.
“Не доаѓаа само по секс на брзина. Доаѓаа да почувствуваат интима и посветеност и се обидуваа да ме задоволат. За нив можноста да предизвикаат оргазам кај жената е потврда за машкоста. Кога не можат да ја задоволат својата жена, одат кај друга”, рекла Гвинет, и додала дека најдобар секс имала со мажи со кои се гледала надвор од работа, бидејќи покрај физичката имале и ментална поврзаност.
“Добар секс е во главата. Кога ќе ја изгубите менталната поврзаност никогаш повеќе нема да биде толку добар.
Денес е тешко да се разговара очи во очи, сите комуницираме преку пораки. Не мора да го менувате тоа што сте, само испијте неколку пијалаци со сопругот, и кажете го тоа што ви лежи на душа, за повторно да се поврзете. Не наседнувајте на приказната дека сето тоа може да се најде и преку апликација. Страста која сте ја виделе во очите на сопругот, не може да се најде на апликација”, заклучила Гвинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст