| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој ја пронашол најмладата жртва на нападот во Манчестер: „Само ја бараше својата мајка“

Најмладата жртва на нападот во Манчестер се викала Сафи Роуз и имала само осум години. На концертот на Аријана Гранде отишла во придружба на своите мајка и сестра, кои се наоѓаат во болница.

Човекот кој ѝ пружил прва помош, раскажал потресна приказна за моментите кои ги поминал со ранетата Сафи Роуз.

„Беше мало девојче и само ја бараше својата мајка“

Пол Рид, кој ја пронашол, бил на концертот на Аријана Гранде и веќе излегол од арената кога ја слушнал експлозијата на бомбата. Веднаш потрчал назад во арената бидејќи, како што рекол, едноставно знаел дека стаува збор за терористички напад, пишува Daily Mail.

Тој ја пронашол ранетата Сафи и ја зел во прегратки за да ја смири во хаосот кој владеел во арената. Тој во солзи ги раскажал за The Sun моментите во кои во арената видел делови од човечки тела расфрлани по подот и како ја пронашол Сафи Роуз.

„Беше малечко девојче на умирање и само ја бараше својата мајка. Беше толку поразително“, рекол тој. Тој бил еден од првите кој ѝ јавил на полицијата за нападот.

Од реклама направиле носилка и ја однеле до брзата помош

„Луѓето врескаа, плачеа и викаа. Никогаш нема да ги заборавам тие звуци. Во фоајето беше апсолутен хаос. Луѓе лежеа насекаде. Насекаде имаше мртви луѓе, а останатите во паника трчаа кон автобуската станица“, раскажал тој.

Тој се потсетил на моментот кога ја држел Сафи во рацете.

„Прашуваше каде е нејзината мајка. Ѝ реков да не се грижи и дека набрзо ќе ја пронајдеме. ’Не грижи се, ќе решиме сè.Ќе бидеш добро’“, ја тешел.

„Нозете ѝ беа распарчени, имаше дупка над колкот од која не крвареше и имаше сериозна повреда на главата“, раскажал потресено.

Со полицајците од реклама направиле носилка на која ја ставиле Сафи и ја изнеле до брзата помош. Тој раскажал дека никогаш нема да ја заборави.

m011627yhJ-potresnata-prikazna-na-covekot-koj-ja-pronasol-najmladata-zrtva-na-napadot-vo-mancester-samo-ja-barase-svojata-majka

Мајката не знае дека останала без ќерка, сестрата е во состојба на шок

Пријател на семејството од Сафи раскажал дека нејзиниот татко е целосно скршен. Најмладата ќерка му е мртва, постарата е повредена, а сопругата му е на интензивна нега. Мајката на Сафи сè уште не знаела дека ја изгубила ќерката.

Таткото на Сафи требало да го собере семејството по концертот, но тоа не се случило.

„Ендрју е целосно скршен“, раскажал пријател на семејството и додал дека Ешли, сестрата на Сафи, добро закрепнува, иако сè уште е во шок. Не можел да потврди дали мајката на девојчето сè уште е во кома, но претходно изјавил дека не знае за смртта на својата ќерка.

„Многу добро ги познавам девојчињата, доаѓаа во мојата продавница и купуваа слатки. Разочаран сум, вакви работи се неприфатливи. Тоа навистина ми пречи, таа беше само мало девојче“, раскажал еден сосед и семеен пријател.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top