| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на Фејсбук: Промоција на нови 29 дела од светските едиции како траен влог во сегашните и идни генерации

Секое ново книжевно дело преставува огромен влог за нашите генерации да уживаат и се образуваат од најдобрата светска литература преведена на својот мајчин јазик. Ова се прави за прв пат во државата и ова е траен влог за сегашните и сите идните генерации, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук.

Статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Денес се промовираат 29 нови дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ и „Светско книжевно богатство“ кои се вбројуваат во капиталните проекти од оваа сфера со коj во изминатиот период се изврши унапредување и развивање на книжевниот, преведувачкиот и издавачкиот фонд во Република Македонија.

На денешната промоција, 12 нови дела се од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“, при што досега се промовирани 162 дела од овие научни дисциплини од вкупно предвидени 366 висококвалитетни изданија во кои се содржани најзначајните знаења и вредности создадени во текот на историјата на општествената и хуманистичката мисла од антиката до денес. Овие дела се од голема помош за студентите, постдипломците и докторантите од сродните факултети.

17 од новите дела се дел од втората едиција која се промовира денес „Светско книжевно богатство“. Досега преку оваа едиција се промовираа вкупно 120 нови дела од вкупно предвидени 316 изданија. Преку оваа се опфатени едни од најпознатите светски автори, како и најзначајните прозни дела. Ова се дела кои до сега не беа преведени на македонски јазик и се книги добитници на најппознатите меѓународни награди за книжевност како пулицеровата награда, букеровата награда, руски букер, мигуел сервантес и неколку други.

Секое ново книжевно дело преставува огромен влог за нашите генерации да уживаат и се образуваат од најдобрата светска литература преведена на својот мајчин јазик. Ова се прави за прв пат во државата и ова е траен влог за сегашните и сите идните генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top