Од помош во патот кон откривање на вистинскиот одговор може да ви биде и астрологијата, која ви открива кои активности може да ви овозможат среќата да тропне на вашата врата.
Овен: работете на случајот
Вашиот пријател според хороскопскиот знак, Томас Џеферсон, рекол: „Јас многу верувам во среќа и видов дека колку повредно работам, толку повеќе ја имам“. Овните се чувствуваат најсреќно додека работат нешто, вложувајќи ги своите напори до максимум, со цел да постигнат некаков успех. Ако постојано ја вложувате вашата енергија во креирање на животот кој сакате да го живеете, вие ја зголемувате веројатноста среќата да ви се насмевне.
Бик: следете го вашиот рецепт
Вие сте биле досега среќни и тоа не е случајност. Запомнете ги чекорите кои еднаш ве одвеле до среќните периоди во вашиот живот и повторно следете го нивниот редослед. Доколку ја повторувате вашата среќна комбинација од активности, не само што ќе го добиете посакуваниот резултат од неа, туку таа и ќе се вкорени во вас.
Близнаци: создадете повеќе пријателства
Вашата способност за градење пријателски однос со луѓето кои ги запознавате во животот, е природно вградена во вас, па зошто да не ја искористите во полза на вашата среќа и задоволство?! Вашите одлични комуникациски способности ви овозможуваат лесно да се конектирате со луѓето, а секоја личност со која ќе се запознаете претставува шанса да го збогатите вашиот дух на еден или на друг начин. Како што ќе расте вашата друштвена мрежа, така ќе растат и вашите можности.
Рак: создадете ритуал
Вашиот душевен мир можете го зголемувате со создавање ритуали. Креирањето серија однесувања кои ќе ги следите, ќе ве одведе онаму каде што постојат среќните случајности. Вие сте од оној тип луѓе, кои веруваат дека одреден предмет ви носи среќа, па без разлика дали вашиот е пенкало, детска четка за заби или приврзок, значењето и вербата која вие ја внесувате во тој предмет, е она што прави тој да ви носи среќа.
Лав: замислувајте си среќни разговори
Вам ви е лесно да го препознаете фантастичното во луѓето и околностите, така што сè што треба да направите за да се чувствувате среќни, е да си го повторите на глас тоа што веќе го мислите. Вашиот оптимистичен поглед кон животот, прави сите луѓе околу вас да се чувствуваат подобро. Колку повеќе ја подобрувате атмосферата со вашата позитивна енергија секаде каде што чекорите, толку повеќе среќа ќе привлечете во вашиот живот.
Девица: дајте си малку време
Замислете си ја следнава ситуација: Момче си ја скршило ногата. Неговото семејство помислило дека тоа е резултат на лоша среќа, но една недела подоцна, токму скршената нога го спасила од регрутирање за војна. Како што поминува времето, така ни се менува перцепцијата за она што е среќа, а што не. Така и вие треба да прифатите дека во животот не е сè така црно-бело и дека понекогаш околностите кои дефинитивно изгледаат како несреќни, излегува дека се создавачи на најсреќните моменти во вашиот живот.
Стрелец: побарајте совет
Најбрзиот и најлесниот начин да стигнете онаму каде што сакате да бидете, е да побарате совет од некој друг. Вие зрачите со младешки дух и ентузијазам, па доколку и дозволите на некоја „постара душа“ да ви даде добар совет во врска со нешто – вие ќе бидете незапирлива сила.
Јарец: пронајдете си го својот ментор
Вие сте природно комептитивни, па понекогаш заборавате дека не секој сака да се натпреварува со вас. Всушност, токму онаа личност која мислите дека е во подобра позиција од вас, која вие упорно се трудите да ја окупирате, можеби ќе има желба да ви помогне и да ви се најде за нешто. Вие ги зголемувате вашите шанси да бидете среќни, на начин што ќе побарате помош од некој друг.
Водолија: замислете си сончева иднина
Способноста да си ја претставите низ слики иднината во вашата глава, е вашата суперсила. Кога си проектирате во мислите успешен крај за вас, вашите најблиски и светот воопшто, најчесто истата таа ваша среќна верзија за иднината, испаѓа токму онака како што сте рекле дека ќе биде.
Риби: дружете се со весели луѓе
Вие имате една навистина интересна способност да ги апсорбирате вибрациите кои ги шират луѓето околу вас, а кога сте во близина на среќни луѓе, и вие постанувате среќна личност. Вие во суштина и не треба да правите нешто особено за да бидете среќни. Едноставно бидете секогаш во близина на луѓе кои се задоволни од нивниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.