Додека во јавноста се актуелни информациите дека во дипломатија се праќаат партиски кадри додека се договара новата влада, „Вест“ објави документ од периодот 2006-2008 кој бил оставен на маса во Кабинетот на тогашниот шеф на дипломатијата со потпис и печат од Тито Петковски, тогаш коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за документ доставен како партиска ургенција до тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски адресиран од Тито Петковски.
Дипломатски извори за „Вест“ сведочат дека ова е единствениот ваков документ во МНР во кој на најгруб и непрофесионален начин се ургира за партиски активисти. Оттука истите го поставуваат прашањето зошто урегенции и тоа писмени ако станува збор за дипломати од кариера.
Станува збор за писмена ургениција од Петковски за неколкумина меѓу кои што е и диполоматот Данчо Марковски кој беше амбасадор во Загреб.
Истиот тој Марковски за кој ургирале или како што молат во документот да го имаат во предвид за соодветно работно место, денес се појавува во јавноста и зборува за партизираност на диполматијата.
Според поранешниот амбасадор и дипломат Марковски, во изјава за телевизија 24, изборот на кадри на овој начин мислејќи на последниот интерен конкурс и целосната ситуација во македонската дипломатска служба, е неприфатлива.
-Оценката што може да се даде е срамотна. Чудно е како тоа вработени кои конкурираат по неколку пати, никако не можеле да пробијат, а имате ситуација кога неколкумина одат од една во друга дипломатска мисија, вели Марковски.
Од друга страна пак, ќерката на Марковски конкурирала на како што ги нарекуваат од Синдикатот спорни конкурси од оваа година. Тука се поставува уште едно прашање дали во овој случај ќе станува збор и за непотизам затоа што таа е вработена во МНР, а татко и е висок дипломат, и второ дали тој ќе ги спореше конкурсите ако ќерка му беше избрана за упатување во амбасада.
Се поставува и прашањето зошто кога ќерка му А.М. беше упатувана на дипломтска служба во Белград и Анкара од актуелниот министер Никола Попоски, истиот Марковски не излегуваше во јавност, а кога колеги на керќа му со исти или слични квлатети ги упатуваат на служба тој излегува во јавност и ги девалвира.
Познавачи на приликите сведочат дека со ваквото јавно критизерство Марковски се обидува да се покаже како борец против „режимот“, а со цел да ја забошоти плодната партиска соработка и со ВМРО-ДПМНЕ што му донесе блескава кариера како амбасадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.