| четврток, 6 декември 2018 |

Од канализација до кантонизација: Платформата основен услов за новата тиранска влада во Македонија

Зар прин­ци­пи­те за ко­а­ли­ци­ра­ње не беа до­го­во­ре­ни пред под­др­шка­та на „си­те без ВМРО-ДПМНЕ“? Тие прин­ци­пи, и по­крај га­ран­ци­и­те, ги по­кри­ва­ат и до­го­во­ре­но­то екс­прес­но во­ве­ду­ва­ње дво­ја­зич­ност ме­ѓу За­ев и Се­ла, ка­ко и дру­ги де­ло­ви од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма. Прин­ци­пот на кон­сен­зу­ал­ност, пак, мно­гу ве­ро­јат­но се од­не­су­ва и на Фрч­ко­ви­от прин­цип за „ро­ти­рач­ки пре­ми­ер“. Та­ка ка­ко што по швај­цар­ски прин­цип се на­ве­сти­ја и са­мо­стој­ни ал­бан­ски те­ри­то­рии со сво­ја ма­тич­на еви­ден­ци­ја и со сво­ја по­ли­ци­ја. Па зо­што да не и по прин­ци­пи­те на Ге­ро­ски за ло­кал­ни вла­ди, пар­ла­мен­ти, за дво­е­ње на др­жа­ва­та по ет­нич­ки ос­но­ви

Ако не­кој им ве­ру­ва на збо­ро­ви­те на ман­да­та­рот За­ев, тој и не­го­ви­те со­у­чес­ни­ци со де­но­ви „ги до­го­ва­ра­ат прин­ци­пи­те“ по кои ќе ја пре­кро­ју­ва­ат ид­ни­на­та на ова пар­че зем­ја. Де­нес тоа мо­дер­но го на­ре­ку­ва­ат до­го­ва­ра­ње прин­ци­пи, а се од­не­су­ва на до­го­во­ре­но­то „ре­де­фи­ни­ра­ње“, што, пак, е мо­дер­но­то име за фе­де­ра­ли­за­ци­ја и за раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та. Си­те, всуш­ност, мол­чат де­ка прин­ци­пи­ел­но че­ка­ат да им го до­ста­ват спи­со­кот што ќе би­де во но­ва­та вла­да и да­ли прин­ци­пи­ел­ни­те стра­те­ги­ски парт­не­ри наш­ле ме­сто за си­те или са­мо за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те и за дов­че­раш­ни­те тен­дер­џии, ин­те­гра­тив­ци­те, за ид­но­то пре­кро­ју­ва­ње на гра­ни­ци­те.

Па, ина­ку, за ка­кви тоа „прин­ци­пи“ се до­го­ва­ра­ат се­га, ако ве­ќе по­ло­ви­на го­ди­на е јас­на ко­а­ли­ци­ја­та и под­др­шка­та за кре­и­ра­ње но­ва ид­ни­на во Ма­ке­до­ни­ја на „си­те без ВМРО- ДПМНЕ“? Зар прин­ци­пи­те за по­ли­тич­ко ко­а­ли­ци­ра­ње не би тре­ба­ло да би­дат до­го­во­ре­ни пред да се да­де под­др­шка за не­ко­го за фор­ми­ра­ње пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво и по­на­та­му вла­да? Или по­втор­но во Ма­ке­до­ни­ја се поч­ну­ва со но­ви прин­ци­пи? Зар не беа до­го­во­ре­ни прин­ци­пи­те ме­ѓу Се­ла и За­ев пред, за вре­ме и по за­ед­нич­ка­та „а ка­пе­ла кон­церт“ во Берн, од ка­де што, спо­ред ви­де­а­та од на­ста­пи­те, сѐ е ве­ќе јас­но за ка­кви прин­ци­пи ста­ну­ва збор?

Да би­де­ме пре­циз­ни, „прин­ци­пи­ел­ни­те“ тре­ба да нѐ уве­рат де­ка ток­му Зо­ран За­ев, Али Ах­ме­ти, Зи­ја­дин Се­ла и Би­лал Ка­са­ми се­га се­ри­оз­но раз­го­ва­ра­ат за прин­ци­пи за кои збо­ру­ва­ат ве­ќе ед­на го­ди­на, а се од­не­су­ва­ат на ре­де­фи­ни­ра­ње, на по­дел­ба по ет­нич­ка ли­ни­ја на по­ли­ци­ја­та, обра­зо­ва­ни­е­то, здрав­ство­то, а обе­ди­ну­ва­ње за ме­ну­ва­ње на име­то на др­жа­ва­та, ја­зи­кот, зна­ме­то, хим­на­та…

Ток­му за ја­зи­кот, ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на пар­ти­ја­та на Се­ла, Ар­бен Та­ра­ва­ри од Дви­же­ње­то за ре­фор­ми во ДПА, откри де­ка „прин­ци­пи­ел­но“ За­ев ап­со­лут­но при­фа­тил „дво­ја­зич­но­ста да би­де екс­прес­на“. Отка­ко, пак, Се­ла наг­ла­си де­ка не по­стои оп­ци­ја Ти­ран­ска­та пла­тфор­ма да би­де оста­ве­на на­стра­на, ка­ко и де­ка тој не дал ни­ка­ква га­ран­ци­ја на „не­кој­си пре­тсе­да­тел“.

– Дво­ја­зич­но­ста да би­де екс­прес­на, кол­ку што е мож­но по­бр­зо да се пра­ват из­ме­ни­те во Из­бор­ни­от за­ко­ник. И тој (За­ев) е за­ин­те­ре­си­ран да го ре­ши ова, при­фа­ќа да се пра­ват та­кви из­ме­ни… Ду­ри по­ста­вив­ме ро­ко­ви во кое вре­ме тре­ба да се ре­а­ли­зи­ра­ат за да соз­да­де­ме за­ем­на до­вер­ба де­ка во ид­ни­на ќе функ­ци­о­ни­ра оваа ко­а­ли­ци­ја, ако функ­ци­о­ни­ра зо­што да не­ма со­ра­бо­тка – откри­ва па­ри­ја­та на Се­ла. Тол­ку од га­ран­ци­и­те и прин­ци­пи­те на За­ев.

Ако се др­жи­ме до прин­ци­пи­те, да­ли пред не­кол­ку ме­се­ци За­ев не ја прет­ста­ви ка­ко про­гра­ма на Вла­да­та сво­ја­та ра­ко­твор­ба­та, или прин­ци­пи­ел­но са­ка­ше да ги из­ма­ми си­те де­ка де­мек не по­стои пла­тфор­ма од Ти­ра­на и де­ка тоа не­му не му е на па­мет да го ис­пол­ну­ва? За кои прин­ци­пи и про­гра­ма се­га, на­вод­но, пре­го­ва­ра?

Ка­де е прин­ци­пи­ел­но­ста на ман­да­та­рот? Ко­га За­ев бил и е прин­ци­пи­е­лен, пред на­ста­пот во Берн, со пла­нот за ка­на­ли­за­ци­ја или ко­га во Берн ве­ту­ва­ше кан­то­ни­за­ци­ја; ко­га ја прет­ста­ву­ва­ше „Про­гра­ма­та на Вла­да­та“ и твр­де­ше де­ка не­ма пла­тфор­ма ту­ку про­гра­ма или ко­га ги до­го­ва­ра­ше за­ко­ни­те во Ма­ла Ре­чи­ца; ко­га ја чи­та­ше га­ран­ци­ја­та во ви­ла­та на пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та или се­га за вре­ме на прин­ци­пи­ел­ни­те пре­го­во­ри да­ли за­ко­нот за ја­зи­ци ќе „оди“ пред или по из­бо­рот на вла­да?

Си­те овие пра­ша­ња прин­ци­пи­ел­но ја ма­чат јав­но­ста; би­деј­ќи са­мо еден ден отка­ко прин­ци­пи­ел­но под­не­се га­ран­ции до пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, до­ку­мент што се по­драз­би­ра и ка­ко вид „ус­лов“, де­ка не­ма да ги га­зи прин­ци­пи­те на де­мо­кра­ти­ја­та, прин­ци­пи­те на су­ве­ре­но­ста на др­жа­ва­та, на прин­ци­пи­те на уни­тар­но­ста, не­ма да га­зи врз прин­ци­пи­те на на­ро­дот ма­ке­дон­ски – не­го­ви­те со­у­чес­ни­ци јав­но му се из­нас­ме­а­ја в ли­це.

Единс­тве­на прин­ци­пи­ел­ност што ја по­ка­жу­ва За­ев, е оп­сто­ју­ва­ње­то на кр­ше­ње­то на си­те прин­ци­пи, од тоа де­ка е единс­тве­ни­от при­мер во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка што бил в.д. „гре­јач на стол­че­то на Цр­вен­ков­ски“ до ман­да­тар што чи­та га­ран­ции и ве­ту­ва­ња де­ка не­ма да ја пре­да­де др­жа­ва­та! Сѐ до­се­га во За­е­ва­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра јас­но ка­ко ден ука­жу­ва на тоа кол­ку вре­ди не­го­ви­от прин­ци­пи­е­лен при­стап.

 

Прин­ци­пи­те за гу­бе­ње на иден­ти­те­тот

Не мо­же да се за­не­ма­рат прин­ци­пи­те по кои со го­ди­ни се спро­ве­ду­ва го­ле­мо­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма. На­ја­ва­та де­ка рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја не­ма да за­вр­ши без рас­пад на Ма­ке­до­ни­ја уште во 90-ти­те го­ди­ни, се­га се од­ви­ва пред очи на свет­ска­та јав­ност, на еден фин, прин­ци­пи­е­лен на­чин. Или ка­ко што тоа фи­но За­ев го опи­шу­ва ка­ко прин­ци­пи­ел­но „це­лос­но ис­пол­ну­ва­ње на Охрид­ски­от до­го­вор“.

Прин­ци­пи­ел­но бе­ше ин­те­гра­тив­ци­те од тен­дер­џии пре­ку ноќ да ста­нат ре­фор­ма­то­ри, до­де­ка Бе­са по сѐ што поп­лу­ка за ин­те­гра­тив­ци­те, да че­ка ха­лал од над­вор да­ли ќе из­ли­же и ќе сед­не во вла­да­та. Сѐ за прин­ци­пи­ел­но при­вид­но на­ма­лу­ва­ње на ек­стрем­но­ста на Се­ла и прин­ци­пи­ел­но обез­бе­ду­ва­ње при­вре­мен ба­ланс за на­род­на­та „ќу­ти, мо­же по­ло­шо“.

Се­гаш­ни­те „прин­ци­пи“ што се до­го­ва­ра­ат, а ве­ро­јат­но им се оста­ве­ни ка­ко до­маш­на ра­бо­та, ба­рем од тоа што го откри­ва За­ев, е прин­ци­пот на кон­сен­зу­ал­но­ста. Кој се­га мо­же да ка­же де­ка таа кон­сен­зу­ал­ност не ја крие Фрч­ко­ва­та иде­ја за „ро­ти­рач­ки пре­ми­ер“? И та­ка по швај­цар­ски прин­цип се на­ве­сти­ја и са­мо­стој­ни ал­бан­ски те­ри­то­рии со сво­ја ма­тич­на еви­ден­ци­ја и сво­ја по­ли­ци­ја. Па зо­што да не, и по прин­ци­пи­те на Ге­ро­ски за ло­кал­ни вла­ди, пар­ла­мен­ти, за дво­е­ње на др­жа­ва­та по ет­нич­ки ос­но­ви.

Би­деј­ќи, прин­ци­пи­ел­но, се­га не е вре­ме да се мис­ли са­мо за кон­сен­зу­а­лен пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Се­га, ко­га број­ки­те се на нив­на ет­нич­ка стра­на, кон­сен­зу­ал­но­ста ќе до­сти­га мно­гу по­да­ле­ку. Но, по­втор­но, ед­но­стра­но, таа кон­сен­зу­ал­ност е на­ме­не­та са­мо за ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја.

За­тоа, пак, се ту­ка прин­ци­пи­те на Љу­бе Бо­шков­ски и на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, чи­ја­што до­маш­на за­да­ча за нон-пеј­пер „хим­на“ за За­ев е ве­ќе поч­на­та. Мо­дел има­ат во есе­и­те на Ре­мен­ски и во те­зи­те за „Ду­ша ка­ко Шар Пла­ни­на и му­дрост ка­ко најд­ла­бо­ки­те оке­ан­ски во­ди“. Во тие есеи не­ма да се наг­ла­су­ва па­три­о­тиз­мот, ту­ку ќе се наг­ла­си „мај­ка­та што зе­­ла дру­го пре­зи­ме“ и прин­ци­пи­ел­но ќе ја сла­ви ид­ни­на­та, нас­про­ти за­гу­бе­ни­от ма­ке­дон­ски иден­ти­тет и др­жав­ност.

Прин­ци­пот си ба­ра прин­цип, па до­кол­ку не­кои и се из­не­на­де­ни што се­га „за­ли­чу­ва де­ка Бо­шко­ски збо­ру­ва со уста­та на Зо­ран За­ев“, не­ка се по­тсе­тат на уста­та на Бо­шков­ски ко­га ка­ко „грч­ки со­ра­бот­ник“ за па­ри до­го­ва­ра про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та; но и уште по­тра­гич­но, се отка­жу­ва од ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, од при­да­вка­та ма­ке­дон­ски, од иден­ти­тет­ска­та по­себ­ност, со без тро­шка пре­мис­лу­ва­ње го при­фа­ќа ре­ше­ни­е­то „ед­но­став­но гра­ѓа­ни“. Ток­му во тој дел сво­јот прин­цип го про­нај­де За­ев за со­ра­бо­тка­та со „го­ле­ми­от па­три­от, кој „ро­бу­вал за Ма­ке­до­ни­ја“.

 

Прин­ци­пи­ел­ни­от при­мер Ма­ке­до­ни­ја

Да се вра­ти­ме на прин­ци­пи­те и на сѐ што е на­пра­ве­но до­се­га во овие го­ди­ни бес­по­штед­на би­тка за „прин­ци­пи­ел­но“ ури­ва­ње на су­ве­ре­ни­те­тот на Ма­ке­до­ни­ја од над­вор.

Ма­ке­до­ни­ја е со­вре­мен при­мер де­ка но­ви­те де­мо­кра­тии од исто­кот на Евро­па тре­ба да зна­ат де­ка прин­ци­пи­ел­но, во се­кој мо­мент опре­де­ле­ни прин­ци­пи­ел­ни кри­ми­но­ге­ни стру­кту­ри во нив­ни­те зем­ји има­ат при­стап до те­ле­фон­ски­те раз­го­во­ри на др­жав­но-по­ли­тич­ки­от врв. Од ка­де? Од „свир­ка­чи“, се раз­би­ра. До­де­ка ви­стин­ски­те свир­ка­чи ка­ко Ме­нинг, Сно­у­ден или Асанж, во прин­цип, ќе кис­нат кој во за­твор до­де­ка не ста­не же­на, по стран­ски ам­ба­са­ди или во „не­при­ја­тел­ска не­де­мо­крат­ска Ру­си­ја“, ту­ка прин­ци­пи­ел­но ќе се спо­ме­ну­ва­ат ка­ко ид­ни ви­со­ки функ­ци­о­не­ри во др­жав­на­та без­бед­ност.

Ма­ке­до­ни­ја е прин­ци­пи­е­лен при­мер за си­те су­ве­ре­ни др­жа­ви во све­тот де­ка не­ка­де по­стои сним­ка од не­кој кри­ми­но­ген по­ли­ти­чар, кој отво­ре­но ба­ра ми­то, кој и по­крај тоа што прет­ход­но е або­ли­ран и те­че суд­ски­от про­цес про­тив не­го, ќе ви го на­цу­цу­лат за пре­ми­ер, кој пр­во се за­ка­ну­ва на ме­ди­у­ми­те, а по­тоа на судс­тво­то! Но тоа се тие но­ви прин­ци­пи­ел­ни про­за­пад­ни ре­фор­ми.

Ма­ке­до­ни­ја е при­мер за прин­ци­пи во кои но­во­то мно­зинс­тво не­ма да мо­же чес­но и прин­ци­пи­ел­но да ја за­тво­ри ни­ту пр­ва­та сед­ни­ца на пар­ла­мен­тот; таа све­че­на­та, по­све­те­на на ве­ри­фи­ка­ци­ја на ман­да­ти­те, на из­бор на ко­ми­си­ја од ко­ја по­тоа за­ед­нич­ки ќе се из­бе­рат пре­тсе­да­тел и дру­ги со­бра­ни­ски функ­ци­о­не­ри. Не­ма за­пис­ник, не­ма те­ла, не­ма ни­што, но има спи­кер из­бран „во по­друм“, кој единс­тве­но прин­ци­пи­ел­но ги одра­бо­ти зна­ми­ња­та.

Прин­ци­пи­ел­но, отка­ко не­кој ќе нај­а­ви ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та и на неј­зи­но де­ле­ње по чи­сто ет­нич­ка ос­но­ва, тој ќе мо­ра да би­де и нов ман­да­тар, па и са­мо ка­ко ман­да­тар ќе се­ди до пре­ми­е­ри­те на Ср­би­ја, Ко­со­во, Ал­ба­ни­ја и на БиХ на европ­ски­те ко­ми­си­ски ве­че­рин­ки, ка­де што ќе му ги тит­лу­ва­ат си­те до­се­гаш­ни из­ја­ви и дејс­тва што го за­па­ли­ја ре­ги­о­нот. За­тоа што тоа се но­ви­те де­мо­крат­ски­те пра­ви­ла на ста­ра­та прин­ци­пи­ел­на… Евро­па.

Прин­ци­пи­ел­но, Ма­ке­до­ни­ја ќе за­гу­би од За­ев, кој игра по прин­ци­пи­те на „ре­ал­по­ли­ти­ка“, од­нос­но дип­ло­ма­ти­ја и по­ли­ти­ка на при­ти­сок што не да­ва пет па­ри за окол­но­сти­те или фа­кти­те, за мо­рал­ни­те и етич­ки пре­ми­си, ту­ку ма­ки­ја­ве­ли­стич­ки на­сил­но ги тур­ка „по­ви­со­ки­те“ ин­те­ре­си. Се­чии ин­те­ре­си, са­мо не ма­ке­дон­ски.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 247. број на неделникот „Република“, 26.5.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top