| четврток, 6 декември 2018 |

Не знае за смртта на својата ќерка – мајката на најмладата жртва на нападот во Манчестер е во кома

napad

Меѓу жртвите на терористичкиот напад во Манчестер е и осумгодишната Сафи Роуз Русос, чијашто мајка е тешко повредена.

Таа сè уште не знае дека нејзината ќерка загинала.

Со нив на концертот била и постарата ќерка, која е надвор од животна опасност.

Мајката на најмлада жртва на нападот, Лиза е хоспитализирана во Универзитетската болница во Манчестер и во моментов поради тешките повреди е во индуцирана кома.

Меѓу лекарите што ја следат нејзината состојба се наоѓа и грчкиот пластичен хирург Јоргос Христопулос, кој за грчкиот медиум „Прото тема“ зборувал за нејзината здравствена состојба.

Како што изјави, телото на Лиза е цело со „дупки“ од шајките, шрафовите и металот со кои била наполнета импровизираната бомба.

-Не е во животна опасност, но сè уште нема контакт со опкружувањето. Не ја разбудивме бидејќи ја чека уште една операција наредните денови и од таа причина не знае дека нејзината осумгодишна ќерка е почината – изјави Христопулос.

Овој лекар изјави дека размислува за моментот кога несреќната жена ќе дознае дека нејзината ќерка е меѓу жртвите.

-Претпоставувам дека штом ќе ги отвори очите ќе праша за своите деца, но многу е опасно доколку веднаш ѝ ја кажеме вистината. Тие трите биле многу блиску до експлозијата, што се гледа по раните на телото на Лиза – изјави Јоргос.

Додаде дека и самиот бил шокиран од повредите што ги видел на телата на родителите и на децата што пристигнале во болницата.

-Нема да претерам ако речам дека телата им се искасапени. Ситуацијата беше трагична – изјави Христопулос.

Што се однесува до другата ќерка на Лиза Русос, таа не е во животна опасност и се чувствува добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top