„Хелоу, ај ем мандатар! Мандатар де, лајк прајм министер, де, сејм шит! Не, немојш шит на маса“, се спрема Зоран додека оди на вечера со регионалните премиери и еврокомесарката Могерини.
„Шо прво да направам? Ного неозбилност с’с тва Шо прааш, Дек си, Арен ли си? Ај шо ќе се поздравам с’с Федерика, и рака ќе и цунам, европски, а с’с кој прв да се поздравам? Александар ми е лут, мож и рака да не ми пуште. Ама сега ќе јааме и после ќе е претседател, нема шо да го мислум. И овој Иса, толку од него, шо го… А кој и да е по него, Еди ќе ми среди. Еди е стар френд, ама сеј мирен Зоки сеа, да не биде ептен нападно пред Душко. Тој е сега натоец, мож’ќе треба кај него прв да оом?“, кова тој стратегија.
„А шо да оом директ, на пример, ‘Шо бе саа почнааме веднага сас собиранка? Сас струмичане е све ного неозбилно, не се срамуви. А тва шо викате; ќооме ли у Струмица бе, чушки и френки има бунела да играе нон-стоп’. Па ако некој стане, на пример Александар за това шо го кажах, ќе кажам ‘Не писки бе Аце, дек ќе оош, сакал нејкал ке се научеш на Зоки’… Мож ќе упале!? Не, бе… А и ја шо се срамувам, па ја сум мандатар! Нема за чушки и френки да се распраам вака наѕунѕуфан. Момичката Федерика ме кани, таа нека му ја мисле. Ја најарно ќе оом, ќе јаам, ќе си м’чам, па ќе оом вонка. И никако бунела сас десна не се држе! На това мисли, на бунела, бунела во лева! И филии не се гризат!“, се храбрел во себе.
„МОРЕ ЗНАМ“, воскликнал во себе, „Па сите ја знаат Цеца, а само на мен момичката ми рече премиер ќе бииш! На това никој нема шо да ми каже! Само ја с’м правио, сите друзи се- нула. А, ако може Федерика само сас мандат да ме кани сеа, утре ќе ме кани за еврокомесар без да улегнам у ЕУ? Ќе јаам и веднага на Цеца ќе и се јавам!“
– Мај френд прајмминистер ту би Зајеф – го слушнал само гласот на Федерика – Те поканив тука, пред сите да ветиш дека веќе нема да мешаш ајвар и дека ќе се откажеш од него во име на идните отворени врати на Унијата и добрососедството со Словенија!
– ААА НЕ, ја држава даам, ајвар не даам! Сеј мирна ма. Ја не сум мутав и кежаф карактер! За това не сум црпнат! А и Цеца ми рече „Премиер ќе бииш“ ама за ајварот никој нишо не ми кажа. Ни у платформа го нема! Е да т”еем, Вице ќе ме отепа, т”еем и држава и унија…
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.