| четврток, 6 декември 2018 |

Поради една ноќ со славниот актер доби отказ, сега тој секаде ја бара да и се извини!

блум

Светските медиуми наголемо пишуваат за скандалот кој му се случи на популарниот актер Орландо Блум(40),откако тој поминал една ноќ со келнерката од романско потекло Вивијан Рос(21), поради што таа добила отказ.

Имено Вивијан поминала една незаборавна ноќ со ѕвездата на филмот „Пиратите од Карибите“ во еден хотел во Британската престолнина, по што Орландо го „снемало“ но неа поради тоа ја дочекал отказ.

Зближувањето со Орландо во хотелот во кој работела, скапо ја чинело, но Вивијан не жали поради тоа, па на своите блиски им открила дека Блум е неверојатен во кревет, пренесува Дејли Меил.

блум2

Рекла дека одлично си поминала и дека неговото тело е во одлична форма. Тврди дека Блум е одличен љубовник, изјавил извор близок на келнерката, која сака да стане актерка, а овој скандал и помогнал да привлече внимание на себе.

Изворот додал дека холивудскиот убавец сакал  да и се извини поради отказот и дека не бил свесен дека ќе дојде до тоа. Немал телефон од неа, па се јавил во хотелот, како би се слушнал со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top