Македонската православна црква и нејзините верници во четврток го одбележуваат Спасовден. Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.
Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.
Исто така се верува дека на Спасовден не се спије преку ден за да не ја преспиете целата година.
На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.
Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати