Со особено внимание следиме сѐ што се случува во вашата земја. Посакуваме внатрешнополитичката ситуација во Македонија да се развива во согласност со Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, истакна претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва.
Тој изрази задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и, како што рече, има позитивно движење во економската размена.
На почетокот на средбата Путин му ја честита наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи патријархот на Руската православна црква, Кирил.
Македонскиот претседател изрази особено задоволство што токму на овој ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј, има средба со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.