| четврток, 6 декември 2018 |

УХРМ и за денеска попладне најавува пороен дожд, ветер и град

Невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и град најавуваат за попладне синоптичарите од УХРМ.

Според соопштението, до сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Во четврток ќе биде претежно облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. На места вкупните количества може да надминат 45 литри на квадратен метар. Во Скопската котлина и на северот врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани и ќе се повеќе кон исток, а и ќе дува повремено засилен северен ветер.

По денешните и утрешните малку пониски дневни температури, кон деновите од викендот температурата ќе биде во постепен пораст.

 

макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top