Овен
Работа – Родените во знакот на Овне имаат добри аспекти за напредување во кариерата. Постојат големи шанси да бидете вклучени во нови проекти од големо значење. Иако ќе се чувствувате важно и почитувано, овие нови проекти би можеле да бидат извор на преголем стрес за вас. За сите Овнови кои се во потрага по работа, јуни би можел да биде плоден месец, особено периодот помеѓу 13 и 19 јуни.
Љубов – Слободните Овнови под влијание на Венера ќе го запознаат својот иден партнер во образовна установа или преку пријател. Овновите во врска ќе имаат огромна поддршка од својот партнер, а некои ќе бидат спремни и да учествуваат во финансиски проекти. Оние кои се во брак треба да очекуваат месец исполнет со хармонија.
Здравје – Добро би било ако се насочите кон здрава исхрана.
Бик
Работа – За да постигнете напредок во кариерата потребно е да бидете трпеливи во текот на јуни. Овој месец нема ништо поконкретно да се случува такашто добро би било да го искористите за правење планови за идниот период, да си поставите себеси вистински цели на работа и да создадете методи со кои би можеле да ги реализирате. Што се однесува до парите, нема потреба да се грижите бидејќи финансиската ситуација ќе ви биде одлична.
Љубов – Осамените Бикови ќе имаат доста можности за романтични ситуации но планетарните аспекти се такви што не би требало да очекувате нешто од тоа да биде сериозна врска. Биковите кои се во врска ќе бидат прилично тврдоглави такашто можни се несогласувања со партнерот. Но, како што ќе изминува месецот, така работите ќе се смират. Оние кои се во брак ќе бидат фокусирани на финансиски проекти кои ќе бидат профитабилни за целото семејство.
Здравје – Променете го режимот на вежбање.
Близнаци
Работа – Кариерата ќе ја оставите на страна во текот на овој месец. Тоа не значи дека целосно ќе стагнирате, бидејќи главниот фактор за успешност во вашето поле е комуникацијата, што е вашата силна страна. Близнаците кои се во потрага по работа во текот на овој месец би можеле да најдат примамливи добри понуди. Ситуацијата со парите е особено добра.
Љубов – Не баш добра вест за слободните Близнаци. Љубовта и сексот нема да бидат на вашиот дневен ред во текот на јуни. Уживајте во флертот бидејќи ќе имате можност за тоа, но не очекувајте ништо повеќе. Што се однесува до зафатените, вашиот емотивен однос во текот на јуни ќе биде прилично комплексен. Без разлика дали сте во сериозна врска или брак, немојте да очекувате премногу разбирање ниту хармонија во партнерските односи.
Здравје – Ќе бидете под стрес, па добро би било да посетувате часови по јога.
Рак
Работа – Ако им се верува на ѕвездите, ова ќе биде прилично досаден месец кога станува збор за вашата кариера. Не би требало да очекувате дека ќе се случи нешто посебно во текот на јуни. Вашите финансии ќе бидат и повеќе од одлични, но бидете рационални и воспоставете рамнотежа помеѓу приходите и расходите.
Љубов – Одличен месец за емотивните односи без разлика дали сте слободни или во врска. Оние слободните ќе имаат многу можности за запознавање на потенцијален партнер, особено во социјалните собири и помеѓу влијателни личности. Некои пак, ќе стапат во брак. Зафатените Ракови ќе уживаат во романтични и страствени моменти.
Здравје – Ќе бидете во одлична форма.
Лав
Работа – Ќе бидете вклучени во реализација на проект од големо значење. Колку и да претставува отскочна даска за идниот период, толку ќе биде и тест за вашата граница на толерирање. Без разлика на тоа, вашата упорност и трпение ќе ви помогнат да го завршите вашиот дел од работата на време. Вашата финансиска ситуација во текот на јуни нема да биде многу добра, што не значи дека ќе штедите.
Љубов – Слободните Лавови ќе имаат можност да го запознат идниот партнер на социјалните случувања, особено ако учествуваат во некои хуманитарни акции. Зафатените Лавови би требало да размислат за својот емотивен однос, но важни одлуки како венчавка или развод не би требало да ги донесувате пред 19 јуни. Неопходное да бидете трпеливи и да се обидете да се усогласите со партнерот.
Здравје – Ова е одличен период за професионалните спортисти.
Девица
Работа – Ќе има многу можности за професионално напредување такашто кон крајот на месецот можете да очекувате зголемена плата или напредување. Ќе имате шанса и за професионално усовршување, а бизнис патувањата ќе бидат составен дел од вашиот живот. Ќе бидете прилично горди на себеси и вашите достигнувања па не е необично да се трудите што повеќе финансиски да просперирате.
Љубов – Осамените Девици би можеле да пронајдат нова љубов токму на работа или пак да се заљубат во нивниот пријател. Оние кои се во врска шармот нема да им помогне па можат да заборават на романтиката и сексот, бидејќи партнерот нема да сака ништо од тоа. За оние кои стапиле во брак, треба да преземат одредени чекори за да го зајакнат односот со својот партнер.
Здравје – Не ги прескокнувајте редовните оброци и секојдневното вежбање.
Вага
Работа – Благодарение на вашите вештини и организациски способности, вашата кариера ќе достигне огромни висини овој месец. Ова ќе биде најдобриот месец во годината за вас што се однесува до работата. Можни се и патувања во странство. Вагите кои бараат работа ќе ги зголемат своите шанси ако во овој период започнат со подобрување на нивното професионално знаење.
Љубов – Ќе ви биде малку потешко да избалансирате помеѓу вашите работни и приватни обврски, но сепак некако ќе успеете. Иако ќе работите многу, ќе пронајдете време за партнерот и излегувања со пријателите. Вагите во сериозна врска или брак би требало плановите за бременост да ги одложат за наредниот период.
Здравје – Ќе се чувствувате прилично добро до 21 јуни, кога треба повеќе внимание да обрнете на вашите репродуктивни органи.
Шкорпија
Работа – Во вашата куќа на кариерата моментално преовладува Марс, такашто ќе имате зголемени работни активности. Потребно е да ги надминете сите предизвици на работното место и да се докажете. Вашиот труд ќе даде добри резултати бидејќи за брзо време доаѓа напредокот во вашиот професионален живот. Финансиската ситуација ќе варира од недела до недела, но кога ќе биде неопходно, ќе имате пари од вашата друга половина или некој член на семејството.
Љубов – Во текот на јуни ќе имате неколку можности за запознавање на партнерот, но воглавно тоа ќе се одвива на некои чудни места. Нема да биде ништо необично ако ја пронајдете својата сродна душа преку интернет. Оние кои се во врска би можеле да имаат несогласувања со партнерот поради парите. Припадниците на овој знак кои се во брак ќе имаат цел месец да се фокусираат на деца, а некои Шкорпии ќе дознаат дека нивното семејство ќе се зголеми за уште еден член.
Здравје – Стресот предизвикан на работа би можел да се одрази на вашето здравје.
Стрелец
Работа – Вашиот професионален живот ќе биде многу успешен бидејќи внимателноста која ја покажувате во текот на извршувањето на вашите обврски нема да помине незабележано. Очекувајте зголемување на платата, како и јавна пофалба од вашите надредени. Иако финансиската стабилност и онака е стабилна, во текот на месецот под влијание на Марс ќе се подобри уште повеќе, со што ќе имате уште поголема самодоверба.
Љубов – Јуни е особено среќен месец за формирање на нови врски. Вашата среќа може да ја пронајдете во текот на патување во странство. Исто така, теретаната и работното опкружување се одлично место за нови романси. Сепак, врските кои ќе ги започнете на брзина, ќе ги завршите во текот на овој месец. Зафатените Стрелци би можеле да очекуваат помалку внимание од партнерот. Исто така, се препорачува овој месец да не размислувате за бременост.
Здравје – Се’ до крајот на јуни ќе имате кревко здравје. Обидете се поздраво да се храните.
Јарец
Работа – За вас не постои пречка за успех, бидејќи се’ ќе постигнете со внимателна работа. Имате добри контакти на работа кои ќе ви помогнат во тоа како и поддршка од вашиот пријател. Јарците кои се во потрага по работа ќе имаат големи шанси за ново вработување. Што се однесува до финансиите, во овој период би можеле да ја повлечете малку рачната за подоцна да можете да уживате.
Љубов – Ова е одличен месец за емотивниот живот на Јарците. Слободните припадници на овој знак ќе имаат доста можности за нова врска, додека оние во сериозна врска би можеле да закажат венчавки, додека тие што се во брак би требало да избегнуваат конфликти и расправии со партнерот, како и да обрнат внимание на тонот со кој им се обраќаат. Ако ви е во план да разговарате за бременост, тогаш бидете внимателни кога ја започнувате темата. Доколку веќе имате деца, очекувајте поради влијанието на Венера нивното однесување да се промени.
Здравје – Доволно одморете се, и добро би било да започнете да практикувате јога или медитација.
Водолија
Работа – Подгответе се за големи промени на вашето работно место. Работната средина ќе биде доста нестабилна, а можно е да бидете преместени и на друго работно место. Уран и Нептун, вашите планети на финансии нема да ви бидат позитивно наклонети во текот на овој месец па очекувајте привремен пад на заработката.
Љубов – Слободните Водолии на секој чекор ќе имаат можности за нови познанства и флерт, без разлика дали се излезени, на работа или во теретана. Влијанието на Марс ќе го потисне влијанието на Сатурн и ќе ве насочи кон романтичните води. До 21 јуни ќе уживате во врските без обврски, а после тој датум ќе се појават можности за сериозна приказна.
Здравје – Алтернативната медицина ќе ви биде од голема помош.
Риби
Работа – Голема е можноста да ви излезе можност за стручно усовршување, па добро би било да не ја пропуштите можноста. Доколку сте во потрага по работа, ќе ви се појави можност за вработување. Но, пред да ја прифатите понудата би требало да ја проверите работата која ви се нуди. Финансиската ситуација ќе биде стабилна, бидејќи заработката ќе биде одлична.
Љубов – Се’ до средината на јуни ќе имате турбулентен период за емотивниот живот на Рибите, а после тоа можете да дојдете до здив. Слободните припадници на овој знак би можеле да се заљубат на некој настан или преку страна за запознавање, а ќе бидете задоволни од вашата врска и доста ќе се забавувате. Оние со партнер ќе уживаат во нивните романтични моменти.
Здравје – Добро би било да одете на систематски преглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.